Поврзете се со нас

Народна

Спасе Антевски легендарниот хит „Запејте сите ангели“ го враќа во нов аранжман

Објавено

на

Песна „Запејте сите ангели“, која првично беше отпеана во 1991 година на Фолк фест Валандово, од легендарниот Гоце Николовски, песна која стана вистински хит и остави трајни траги во македонската музика, сега се враќа на сцената во нов аранжман, кој е дело на искусниот Слаѓан Станишковски, во изведба на популарниот Спасе Антевски, а снимена во студиото на Ангел Ќосев.

Првично компонирана од Горан Алачки, „Запејте сите ангели“ го освои срцето на публиката во 90-тите години и веднаш стана еден од најпопуларните македонски фолк хитови. Со многу емоција и силни изведби, оваа песна прерасна во вечен класик.

Но, оваа година, Спасе Антевски го презеде ризикот и доби зелено светло од Алачки да ја изведе песната во нова форма. Според него, ова не е само повторување на стариот хит, туку и шанса да се донесе нов живот во песната, при што му било дозволено да работи во нов аранжман под диригентската рака на Слаѓан Станишковски.

Реклама
Во Твоја Зона

Клучните моменти во каверот на „Запејте сите ангели“ е тоа што ја зачувуваат магијата на песната од оригиналот, но и внесуваат нови музички елементи, благодарение на работењето на познатите македонски музичари кои се дел од продукцијата, кавалот и зурлата на Гоце Димовски, тамбурите и тапаните на Мартин Илиевски, како и гитара на Глигориј Стојанов се одлучувачки елементи во новата верзија.

Целокупната продукција и акција е на ТВ Плус, продукција која внесува високи стандарди, кои прават музиката да звучи не само автентично, туку и модерно и актуелно.

Овој проект е сигурен чекор во кариерата на Спасе Антевски, ја потврдува неговата музичка вредност, и ја осветлува важноста на традицијата и иновацијата во македонската музика.

„Запејте сите ангели“ отпеана во ново руво од Спасе Антевски со оваa изведба е доказ дека најдобрите хитови не стареат – тие живеат со нас, се менуваат, но никогаш не го губат својот дух.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Народна

Александар Ицов одбележа 10 години успешна кариера и најави ново музичко поглавје

Објавено

на

Од

СКОПЈЕ, 29 јуни – Во свечена атмосфера во ресторанот „Рагуза“ во Скопје, македонскиот инструменталист и автор Александар Ицов го прослави значајниот јубилеј – десет години успешна музичка кариера. Настанот беше збогатен со промоција на два нови видеоспота за неговите најнови авторски инструментални композиции, со кои уште еднаш ја потврди својата посветеност кон зачувувањето и современото претставување на македонската музичка традиција.

Ицов, кој е препознатлив како виртуоз на повеќе инструменти, во новите дела успешно ги спои звукот на хармониката и гајдата, создавајќи композиции што го носат духот на македонскиот фолклор, но со модерен музички пристап.

Видеоспотовите се снимени на повеќе живописни локации во соседна Грција, а за нивната визуелна реализација беа задолжени тимовите на Арт Студио продукција и Балкан Музик телевизија, кои преку впечатливи кадри дополнително ја истакнаа емоцијата и убавината на композициите.

Реклама
Во Твоја Зона

Прославата на јубилејот воедно беше и можност Ицов да ги открие своите идни планови. Во наредниот период започнува снимањето на трет видеоспот, кој ќе се реализира во манастирскиот комплекс „Свети Георги Победоносец“ во селото Ораовица, во Радовишко. Со својата духовност, богата историја и природен амбиент, оваа локација ќе даде посебен печат на новиот музички проект.

Во изминатата деценија Александар Ицов зад себе остави бројни авторски композиции, стотици настапи и гостувања во земјата и странство, градејќи препознатлив музички стил. За него, инструментите не се само средство за изведба, туку начин преку кој ја раскажува приказната за македонската традиција, култура и идентитет.

Со секој нов проект Ицов докажува дека инструменталната музика има свое значајно место и кај современата публика. Неговата цел останува непроменета – преку автентичниот звук на хармониката, гајдата и македонскиот фолклор да го доближи богатото музичко наследство до љубителите на традиционалната музика, како во Македонија, така и надвор од нејзините граници.

Реклама
Во Твоја Зона

На одбележувањето на јубилејот и промоцијата на новите видеоспотови присуствуваше и екипата на Радио Зона М1, која ја следеше целата свеченост и ги пренесе атмосферата, впечатоците и пораките од овој значаен музички настан.

Десетгодишниот јубилеј претставува само уште една важна станица во кариерата на Александар Ицов, кој најавува дека најдоброто од неговото музичко творештво допрва следува.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ