Шоу Биз
Стоје Арсовски – пензионираниот херој што и понатаму лета за Македонија
Не мораш да бидеш личност од естрадата, за Естрада.мк да пишува за тебе. Овој пат пишуваме за личност која нема врска со сцена, естрада и музика, освен како голем љубител на музиката, посебно македонската музика и голем фан на Радио Зона М1. Овој пат пишуваме за своевиден херој кои е на браникот на државата, тогаш кога е најпотребно, најнеопходно и можеби најопасно.

Додека летните пожари беснеат низ земјата, а воздухот е исполнет со чад и напнатост, еден човек и понатаму ја облекува својата летачка униформа и седнува зад командите на противпожарниот авион, ер – трактор – иако одамна ја заслужи својата пензија. Тоа е Стоје Арсовски, ветеран-пилот и тивок херој на македонското небо.

Со децении искуство, Стоје е еден од ретките специјализирани пилоти за управување со Ер – трактор – моќни авиони што можат да наполнат и до 6.000 литри вода и да ја исфрлат директно врз пожариштата. Неговата прецизност, храброст и смиреност во најтешки моменти му донесоа длабока почит и меѓу колегите, и меѓу граѓаните, особено во критичните сезони кога животите и имотот беа под закана.

По пензионирањето, Арсовски немаше намера да се врати на активна служба. Но, реалноста на теренот – недостаток на обучени пилоти и зголемен број пожари – ја наметна потребата. Со чувство на должност и љубов кон татковината, Стоје потпиша договор за ангажман по потреба, со што останува достапен да помогне секогаш кога државата ќе повика.
„Не можеш да седиш дома кога гледаш како ти гори земјата, а знаеш дека можеш да помогнеш,“ скромно вели Стоје, кој ретко бара внимание, но секогаш е таму кога е најпотребно.

Иако не е личност од јавната сцена, туку е херој на небото, Стоје има и своја приватна страна – голем љубител е на македонската музика, особено на онаа со емоција, корени и душа. Вели дека низ музиката го пронаоѓа мирот што му е потребен по адреналинските летови. Негов верен придружник во секојдневието е Зона М1 радио, кое го следи со децении. Редовно ги слуша програмите, ја препознава секоја песна и често вели дека „музиката од Зона М1 е како продолжение на душата на Македонија“.
„Секое ден ми почнува со Зона М1. Таму ја има онаа вистинска, македонска енергија – без филтри, без вештачки ефекти. Само искрена музика и вистински чувства,“ раскажува Стоје со насмевка.
Во време кога пожртвуваноста е сè поретка, приказната за Стоје Арсовски потсетува дека хероите не секогаш носат униформи на сцена – понекогаш тие се луѓе што летаат низ чадот, со тивок глас, но големо срце.
Естрада.мк му посакува на нашиот избран херој за денеска, Стоје Арсовски да го служи здравјето и да биде во можност да излезе во пресрет на својот народ и држава доколку тоа е потребно.
Шоу Биз
ДЕЈАН БЛАЖЕВСКИ – ЧОВЕКОТ КОЈ РЕЧИСИ ТРИ ДЕЦЕНИИ СОЗДАВА НОЌЕН ЖИВОТ, ОД „РОТМАНС“ ДО ДЕНЕШНИОТ POOL BAR
Некои места не се паметат само по музиката, забавите и добрата атмосфера, туку и по луѓето кои стојат зад нив. А кога станува збор за Дејан Блажевски, станува збор за човек кој уште од деведесеттите години знае што значи да се создаде место на кое луѓето со задоволство се враќаат. Урбан боем со менаџерски дух, човек со чувство за добра забава и препознатлив социјален ритам, кој речиси три децении успешно ја одржува приказната за едно место кое со годините го менува името, но не и својот дух.
Приказната започнува уште во 1995 година, кога под името „Ротманс“ овој кафич станува едно од местата каде младите се собираат, се дружат и создаваат спомени. Тоа беа времиња кога добрата музика, друштвото и вистинската атмосфера беа доволна причина за една незаборавна вечер. Се организираа забави, зад пултот застануваа диџеи, а меѓу нив и Марјан Тасевски, познат како DJ Мац од Радио Зона М1, кој со своите музички сетови беше дел од тогашната забавна приказна.
„Ротманс“ не беше само кафич, туку место на генерации, место на дружења, познанства, симпатии и ноќи кои и денес сигурно будат убави спомени кај оние кои биле дел од таа приказна.
Но, времето носи промени, а вистинските луѓе знаат како да ги препознаат и да ги претворат во нови можности. Така, Дејан Блажевски, со своето долгогодишно искуство, чувство за угостителство и менаџерски инстинкт, ја продолжува приказната, но во едно ново, современо издание – Pool bar.

Денес, Pool bar е место кое има свој препознатлив забавен ритам и публика, простор во кој викендите се резервирани за добра музика, дружење и позитивна енергија. Петочните и саботните вечери редовно носат нови поводи за излегување, а програмата е осмислена така што секој може да пронајде нешто за себе. Од забави со диџеи и караоке вечери до хуманитарни настани, Pool bar покажува дека доброто поминување не мора да значи само забава, туку може да има и хумана димензија.
Она што ја прави оваа приказна интересна е континуитетот. Од времето кога „Ротманс“ ги собираше младите под звуците на тогашните музички хитови, па сè до денешниот Pool bar, идејата останува иста , да се создаде место каде луѓето ќе доаѓаат со насмевка, ќе се забавуваат и ќе си заминуваат со желба повторно да се вратат.
А зад таа приказна стои Дејан Блажевски, човек кој не ја гледа угостителската работа само како бизнис, туку и како можност да создава амбиент, да поврзува луѓе и да биде дел од нивните убави моменти, да се опстои толку години во светот на угостителството не е случајност. Потребни се искуство, истрајност, чувство за публика и способност постојано да се следи духот на времето.
Од „Ротманс“ до Pool bar постојат речиси три децении музика, дружење, забавен и ноќен живот, а Дејан Блажевски и понатаму продолжува да ја пишува својата приказна, со истата идеја дека најдобрите вечери се оние во кои добрата музика, вистинското друштво и позитивната енергија се на едно место.
-
Шоу Бизпред 8 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 7 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 7 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 4 месециЅвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
-
Шоу Бизпред 8 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 6 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 8 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 5 месециЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
