Народна
Од 11 до 13 јули Галичник беше центарот на културните случувања – Галичка свадба 2025
Во срцето на планинскиот пејзаж на Бистра, од 11 до 13 јули се одржа уште едно издание на традиционалната Галичка свадба, културна манифестација која секоја година го оживува богатото македонско фолклорно наследство. Годинашни главни актери во оваа уникатна прослава беа младоженците Јован Филиповски и Лилјана Михајлоска, чие обединување беше крунисано низ ритуали, песни и обичаи стари со векови.

Тридневната свадба, која секогаш се одржува за Петровден, привлече стотици посетители од земјата и странство, љубопитни да го почувствуваат духот на некогашната галичка свадбена традиција. Настанот започна со пристигнувањето на сватовите, продолжи со ритуалот на бричење на младоженецот, носењето на невестата на коњ, свадбените ора, како и изведбата на оригиналната галичка носија со автентични везови и детали.
Јован и Лилјана, избрани преку конкурс организиран од Здружението на Галичани, истакнаа дека за нив е огромна чест да бидат дел од оваа длабоко вкоренета традиција. Јован истакна – „Уште како дете сонував еден ден да бидам дел од Галичка свадба. Тоа се многу повеќе од свадбарски обичаи – тоа е љубов, идентитет и исконска гордост”, а Лилјана ги искажа своите чувства на гордост што има чест да ги носи народните носии, кои ги носеле нашите предци и рече – „Чувството кога облекуваш автентична носија и чекориш низ истите патеки по кои чекореле генерации пред тебе е неописливо. За нас ова е завет и голема чест“.

На Галичката свадба присуствуваше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која честитајќи им на младите истакна – ,,Галичката свадба е нешто што е дел од нашиот идентитет, нешто што е единствено, нешто што никаде го нема, нешто што нѐ прави посебни и треба да се негува. Радосна сум што многу млади го прифаќаат и ја продолжуваат оваа традиција”.




Организатор на манифестацијата е месната заедница „Галичник“ им честиташе на младите и го искажаа задоволство што младите сакаат да ја продолжат традицијата, меѓу другото изјавија – „Продолжуваме со посветеност да ја чуваме оваа ретка традиција жива. Радува фактот што секоја година се зголемува интересот кај младите генерации да бидат дел од Галичка свадба. Toa за нас претставува најсилен доказ дека обичаите и културното наследство се темел на нашиот идентитет, сегашност и иднина. Благодарни сме на институциите и големиот број компании чија поддршка има пресудно значење за организирањето и одржувањето на атрактивноста на манифестацијата“.

Настанот беше збогатен и со настапи на културно-уметнички друштва, изложби на ракотворби, како и со традиционални гозби подготвени од локалните жители. Во текот на манифестацијата се оддаде почит и на старите галички семејства, чии имиња се врежани во историјата на селото.


Галичката свадба останува симбол на љубовта, традицијата и националниот идентитет – мост меѓу минатото и иднината, каде што се спојуваат времето, обичаите и љубовта под отворено небо.
Народна
Анета Љумаковска со моќна нова песна „Жена“ – ода за силата, достоинството и емоцијата на современата жена!
Македонската пејачка Анета Љумаковска повторно го воодушеви својот круг на обожаватели со новиот сингл „Жена“, песна која уште од првото слушање допира длабоко во душата. Со моќна интерпретација и искрена емоција, Анета испраќа силна порака за жената како симбол на сила, љубов и достоинство, а нејзиниот глас во себе носи моќ, сила и гордост што е и таа една од тие жени.


Песната е дело на текстописецот Анита Даева, додека за музиката и аранжманот стои Дејан Момироски од XL Studio, кој успеал да создаде совршена емотивна мелодика што ја издигнува нумерата на едно повисоко уметничко ниво.


Посебен печат на проектот му дава и видеоспотот, кој е снимен низ познатите улици и места на Рим. Под режисерска палка на Art Studio – Дејан Ѓоргиев и Давид Стојковски, визуелната приказна ја следи емоцијата на песната, жена која минувала низ искушенија, но гордо и достоинствено стои исправена, како симбол на сила и љубов.

Анета со „Жена“ покажува дека нејзината музика е повеќе од звук, тоа е исповед, порака и инспирација за сите жени кои секојдневно се борат, љубат и простуваат, но никогаш не се предаваат.

Со оваа нумера, Љумакова уште еднаш докажа дека има уникатен вокал и стил што не може да се игнорира. „Жена“ е песна која не само се слуша, таа се чувствува со срце.
-
Некатегоризиранопред 1 недела„Аска 2“ доаѓа на 2 декември – нов музички бум од Теа Таировиќ
-
Шоу Бизпред 3 месециНа 18-ти септември село Булачани ќе чука „во ритам на хуманоста“ со голем концерт
-
Шоу Бизпред 3 месециНастапот на Раде Младеновски на Тумба Фест го потврди неговиот подем на македонската сцена
-
Шоу Бизпред 5 месециВодителката Биљана Коцева – Алексова на пат за Острог
-
Шоу Бизпред 5 месециИмпресиите на Бици по враќањето од Острошкиот манастир
-
Шоу Бизпред 4 месециМиро Костовски – Бизнисмен со срце, југоносталгичар со душа и човек кој знае да го слави живот
-
Шоу Бизпред 2 месециНино и Мац со голем исчекор – склучија договор со продукција ‘Зона М1’ и тргнуваат кон регионален успех!
-
Народнапред 3 неделиКој стои зад „Горд Македонец“
