Поврзете се со нас

Шоу Биз

Дали Македонија е подготвена за концерт со 500.000 луѓе? „Боемот 2.0“ повикува, јавноста реагира

Објавено

на

Пред неколку дена на Фејсбук профилот „Боемот 2.0“ беше објавен статус кој предизвика сериозна реакција на социјалните мрежи и пошироко во јавноста. Авторот на страницата јавно напиша – Време е за масовен концерт – Да се собереме 500.000 луѓе на концерт на Орце Стевковски – Царот.

Во истиот статус Боемот образложува зошто токму Орце Стефковски да биде носителот на таквиот настан. Тој вели – Ако Хрватите можат да го имаат Томпсон и да пее на хиподромот каде ќе се соберат 500.000 луѓе, ако Србите ја имаат Цеца за која најавуваат масовен концерт тогаш и ние можеме да се рамниме со нив. Но, не само тоа. Ние имаме далеку подобар кандидат којшто во најмала рака е македонскиот Томпсон, а не па многу повеќе. Драги гладачи станува збор за единствениот Орце Стевковски – Царот.

Реклама

Хрватскиот пејач Марко Перковиќ – Томсон, е познат по своите масовни концерти и контроверзни текстови со националистичка содржина. Неговите настапи редовно привлекуваат илјадници посетители, но честопати се следени со критики за говор на омраза, историски ревизионизам и политичка пропаганда.

Идејата дека сличен настан би можел да се организира во Македонија, со пејач што има слична тематска ориентација, но разлика сепак постои и Боемот продолжува – Е сега, Орце е далеку подобар од Томпсон. Зошто? Орце не се поврзува со екстремизам, говор на омраза или фашистички симболи. На Орце не му треба медиумски скандал да е популарен. Орце е популарен само поради музиката и срцето. Без реклами, без скандали – само душа и глас. Орце е далеку подобар затоа што нема маркетинг, нема скандали со името, туку тој е човек на народот.

Реакциите во јавноста не изостанаа. Дел од граѓаните во коментарите ја поддржаа идејата, сметајќи дека на Македонија ѝ треба голем културен собир што ќе го покаже патриотизмот без срам и страв.

Следниот ден, на истата страница беше објавен втор статус, овојпат со иронично – сатирична најава за очекуваните реакции на јавноста и јавните личности, од медиумски хајки, до обвинувања за национализам, популизам и политички мотиви. Според Боемот 2.0, ако евентуално се одржи голем концерт на Орце Стевковски – Царот сигурно ќе има голема медиумска фама. Тој вели – Орце нема да стигне ниту да се искаже, веднаш ќе почне хејтот.

Реклама

И секако мислењата се разминуваат, па така поддржувачите го гледаат концертот како можност за обединување, за израз на национална гордост, за културна мобилизација., додека критичарите предупредуваат дека вакви настани може да бидат политички злоупотребени, да ги засилат поделбите и да ги затскријат реалните проблеми во општеството.

Естрада.мк гласно размислува, организирање на концерт со 500.000 луѓе е огромен предизвик дури и за светските музички ѕвезди. Прашањата се бројни:

Каде би се одржал таков настан?

Реклама

Кој би го финансирал?

Какви би биле безбедносните мерки?

Реклама

И најважното: кој е мотивот зад идејата – културна иницијатива или политичка агенда.

Јавната дебата е веќе отворена. Еден Фејсбук статус можеби нема сила да организира концерт со 500.000 луѓе, но очигледно има сила да отвори сериозни прашања: што значи патриотизам во 2025 година и која е неговата улога во музиката, културата и општеството.

Реклама

Продолжи со читање
Реклама

Шоу Биз

ЈАКОВ ЈОЗИНОВИЌ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ – РЕГИОНАЛНАТА СЕНЗАЦИЈА СО ПРВ КОНЦЕРТ ВО МАКЕДОНИЈА

Објавено

на

Од

Регионално сè попопуларниот изведувач Јаков Јозиновиќ во рамки на својата турнеја за 2026 година, насловена „Ја за чуда летим“, за првпат ќе настапи пред македонската публика. Концертот е закажан за 9 април во Арена „Јане Сандански“ во Скопје.

Настапот во главниот град е дел од големата регионална турнеја што опфаќа повеќе значајни музички центри. Меѓу нив се концерт во Арена Загреб, серија од дури пет настапи во белградскиот Сава Центар, како и концерти во Нови Сад, Риека, Сплит, Осиек и Љубљана.

Турнејата доаѓа во период кога Јозиновиќ го најавува новото поглавје во својата кариера. Неодамна беше објавен и неговиот прв сингл „Поље ружа“, кој веќе привлекува внимание кај публиката и најавува свеж музички правец.

Со зад себе низа успешни и распродадени концерти низ регионот, Јаков Јозиновиќ се профилира како едно од највпечатливите нови имиња на музичката сцена. Неговиот настап во Скопје се очекува да предизвика голем интерес и да донесе уште едно силно концертно доживување за љубителите на современата музика.

Картите за предстојниот концер на Јаков Јозиновиќ се во продажба на МК Тикетс.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ