Поврзете се со нас

Шоу Биз

Додека Македонија се бори со летни горештини, Татјана Лазарова ужива во снегот во Австралија

Објавено

на

Татјана Лазарова живее и работи во Австралија веќе некое време, но секогаш наоѓа начин да остане поврзана со својата публика во Македонија. Нејзините објави честопати предизвикуваат позитивни реакции и коментари, особено кога нè запознава со поинаквата страна на австралискиот живот, каде сезоните се обратни од тие во Европа.

Додека температурите во Македонија достигнуваат рекордни височини и граѓаните бараат засолниште од жештините, познатата македонска пеачка, Татјана Лазарова ни покажува сосема поинаква.

Во време кога улиците низ Скопје и останатите македонски градови се претвораат во вистински рерни, а граѓаните спас бараат покрај базени, езера или под сенка со ладна лубеница, Татјана Лазарова од Австралија нè пренесува во целосно различна реалност – зима, снег и зимски лудории во местото Lake Mountain кое се наоѓа на два часа од Мелбурн.

На својот Фејсбук профил, Татјана сподели видеа и фотографии од снежната магија во која моментално ужива. Облечена во зимска опрема, со насмевка на лицето, таа се скија, шета низ белите планински патеки и пие топол чај со поглед кон снежната идила.

За македонската публика, овие сцени се вистинско изненадување — додека тие се обидуваат да се разладат со ладни пијалаци и клима уреди, таа ужива во зимски спортови.

Најновите видеа од Татјана, ја прикажуваат околината опкружени со густа снежна покривка, дечиња како прават снешковци, се лизгаат, скијаат и уживаат во моментите со топол чај или кафе во планински кафулиња.

Нејзината австралиска зимска идила изгледа како сцена од божиќна разгледница – дрвја покриени со снег, тивка природа и чист планински воздух.

Покрај естетскиот момент, објавите на Татјана се и потсетник за тоа колку светот е разновиден и чудесен – додека еден народ се крие од сонцето, друг ужива во снегот. Коментарите под нејзините објави се полни со љубопитност:
„Кај вас зима, кај нас 40 степени!“, „Се менуваме?“ и „Преубаво, уживај за сите нас што сега сме залепени за клима“ се само дел од реакциите на нејзините следбеници од Македонија.

Татјана уште еднаш успеа да ја пренесе убавината на едно различно секојдневие и да нè потсети дека убавината е насекаде – само треба да ја видиме, без разлика дали е облечена во костим за капење или во зимска јакна.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

Штипска Пастрмајлијада 2026 – Два дена уживање, повеќе од 30 угостители и големи музички имиња

Објавено

на

Од

Штип и годинава се подготвува за едно од најпосетените гастрономско-забавни случувања во земјава. На 18 и 19 септември, градот повторно ќе биде домаќин на „Пастрмајлијада 2026“, манифестација која одамна ја надмина локалната традиција и прерасна во препознатлив настан за посетители од цела Македонија и регионот.

Овогодишното издание ќе се одвива на две локации – шеталиштето „Ванчо Прќе“ и Градскиот стадион. На двете места ќе има можност за дегустација на штипската пастрмајлија, а продажбата ќе се одвива преку унифицирани објекти, поставени неколку дена пред почетокот на манифестацијата. Новиот концепт е дел од настојувањето организацијата да биде пофункционална и попрегледна за гостите.

Програмата започнува во петок од 13 часот, со традиционалното сечење на џиновската штипска пастрмајлија, по што следуваат настапи на културно-уметнички друштва, диџеј-програма и музички настапи. На шеталиштето „Ванчо Прќе“ ќе настапат Лара Ивановска, Таско и српската пејачка Сара Јо.

Централната концертна вечер е закажана на Градскиот стадион, каде публиката ќе има можност да ужива во настапите на Јован Јованов и Елвир Мехиќ, а главната ѕвезда на вечерта ќе биде познатиот српски пејач Жељко Јоксимовиќ.

Покрај музичката програма, во фокусот останува она по што Штип е надалеку препознатлив – пастрмајлијата. За подготовката и понудата на специјалитетот ќе се погрижат повеќе од 30 угостители, а организаторите најавуваат дека цената ќе остане 250 денари, и покрај зголемените трошоци.

Реклама
Во Твоја Зона

За полесно пристигнување и движење на очекуваните илјадници посетители, ќе бидат обезбедени дополнителни паркинг-површини, а во текот на манифестацијата ќе има и измени во сообраќајниот режим.

Со спојот на традиционалниот вкус, музиката и гостопримството, „Пастрмајлијада 2026“ и годинава го потврдува Штип како град во кој добрата храна и добрата забава одат заедно.

Реклама
Во Твоја Зона

18 и 19 септември – Штип ве очекува на Пастрмајлијада 2026!

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ