Поврзете се со нас

Шоу Биз

Никола Станишиќ победник во Звездите на Гранд

Објавено

на

Никола Станишиќ, нашиот млад и талентиран пеач, вчера вечер го освои првото место на престижното музичко шоу „Звезде Гранда“ и стана нова ѕвезда на балканската музичка сцена. Со својот уникатен вокал и емотивни изведби, тој ја воодушеви публиката и жирито, а неговата победа е само почеток на светла кариера.

Во самото финале беа вкупно 20 кандидати, трето место му припадна на Зоран Ружиќ – Ферари, второто место на Елвис Мешиновиќ и првото место со освоени вкупно 138.714 гласови го освои Никола Станишиќ чиј ментор беше Светлана Ражнатовиќ.

Реклама
Во Твоја Зона

Неговите изведби низ целиот тек на оваа сезона беа одраз на љубовта кон музиката и желбата да се допре до срцето на слушателите. Со своите изведби, во кои претендираа македонските песни, Никола го задржуваше вниманието на публиката, а со тоа и нивните гласови во текот на финалната вечер.

По прогласувањето на победата Никола не можеше да ја сокрие својата среќа и пред камерите зборуваше со голема возбуда. Се обрати и неговата менторка Цеца, која откри дека Никола после трагедијата во Кочани сакал да се откаже од натпреварувањето, таа рече

,,Кога се случи трагедијата во Македонија, Никола сакаше да се откаже. Ми се јави на телефон и рече – Не можам да продолжам, имам трагедија во фамилијата. Јас бев таа што го убеди да се врати, едноставно му објаснив дека ништо не може да ја смени таа ситуација, тоа е нешто што го потресе цел Балкан, а тој може со својата песна и талент да ги допре срцата”

Реклама
Во Твоја Зона

Понатаму Цеца откри дека верувала во Никола уште од првиот ден, неговиот талент и харизма ја освојувале пбликата и стручното жири, а сега на крајот од се, му посака успешна кариера.

Како победник на оваа сезона Никола Станишиќ добива автомобил, песна со комплетен маркетинг и за прв пат оваа година доби специјална плакета во спомен на основачот на Звезде гранда Саша Поповиќ. Плакетата му ја врачи лично Сузана Јовановиќ, сопругата на Саша Поповиќ

Естрада.мк му посакува успешна кариера на Никола.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

,,Идеал Бенд“ со првата авторска песна „Светот да не запомни“ – шест музичари, една љубов кон музиката и амбиција за голема приказна!

Објавено

на

Од

По бројните настапи, музички проекти и забави на кои се грижат за добрата атмосфера, „Идеал Бенд“ направи значаен чекор во својата музичка кариера. Шестчлениот состав од Скопје ја претстави својата прва авторска песна „Светот да не запомни“, со која отвора ново поглавје во своето музичко творештво и покажува дека покрај одличните интерпретации, има желба и капацитет да создава сопствена музика.

„Идеал Бенд“ започна да ја гради својата музичка приказна во 2023 година, кога петмина млади музичари одлучија заедно да ги здружат своите таленти и љубовта кон музиката. Со текот на времето составот се прошири и денес го сочинуваат шестмина музичари: Виктор Китановски, Давор Ќимовски, Дамјан Димевски, Ангела Влинтовска, Кико Милошевски и Илија Смилевски.

Нивната препознатлива енергија и музичка разновидност ги носат на различни сцени, свадби и приватни прослави, каде што се грижат за расположението на гостите и за незаборавните моменти. Со репертоар во кој се испреплетуваат македонската народна музика, свадбарските песни и современите хитови, тие успеваат да ги обединат различните генерации и музички вкусови.

Еден од нивните позначајни проекти е „Свадбарски сплет“, преку кој уште еднаш ја покажаа својата љубов кон македонската музичка традиција. Нивните настапи и досегашната работа не останаа ограничени само на домашната сцена, бидејќи бендот настапувал и надвор од Македонија.

Реклама
Во Твоја Зона

Но, сега дојде редот и на нивната прва авторска приказна!

Песната „Светот да не запомни“ е создадена во соработка со музичарот и продуцент Темелко Андреев, кој ги потпишува музиката и текстот, како и снимањето, миксот и мастерингот. Тој ја реализираше и режијата, сценариото и видеомонтажата на видеоспотот, додека зад камерите работеа Иво Иванов и Темелко Андреев. На гитарите гостува Оливер Тевчев.

Реклама
Во Твоја Зона

Во видеоспотот учествуваат и Ансамблот „Керамичар“ од Велес, Сашко Трајковски, Наталија Трајковска и велешките „Гемиџии“, кои придонесоа за целокупната визуелна приказна на ова музичко издание.

Посебно радува фактот што „Светот да не запомни“ веќе наиде на одличен прием кај слушателите. Песната е многу слушана и на Радио Зона М1, каде што веќе се врти и полека го наоѓа своето место меѓу омилените музички содржини на публиката.

За „Идеал Бенд“ ова е повеќе од уште една нова песна. Тоа е нивна прва авторска визит-карта, доказ дека по настапите, свадбите и приватните забави дојде моментот да остават и сопствен музички печат. Одличната екипа, заедничката енергија и љубовта кон музиката се нивниот најсилен адут.

Реклама
Во Твоја Зона

Ако досега ги препознававме како бенд кој знае да направи вистинска музичка журка, со „Светот да не запомни“ ни покажуваат дека имаат амбиција нивното име да се памети и преку авторски песни. А ова, се чини, е само почеток на нивната музичка приказна!

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ