Поврзете се со нас

Народна

Стојне Николова со осврт на музичките проекти: Години исполнети со љубов и традиција

Објавено

на

Македонската фолк сцена веќе со години го препознава нејзиниот глас, нејзиниот стас, нејзината искреност и љубовта кон сето она што го претставува нашето музичко богатство. Стојне Николова, со својата посветеност и емоција, создаде цел музички свет исполнет со песни што ги допираат срцата на луѓето и оставаат длабока трага. Во еден мал, но суштински осврт на нејзината работа изминативе години, а испишан на нејзината Фејсбук страна, Николова зборува за музичките проекти кои ја обележаа нејзината кариера досега.

Јас и мојот тим создадовме песни во кои ја опеавме љубовта, радоста, но и тагата, младоста, убавината – вели Стојне.

Реклама

Овие емоции не се само тема во нејзините песни, туку се и водилка при секое музичко создавање. Со многу љубов и труд, секој проект добил сопствена душа – мелодии кои звучат современо, но сепак длабоко вкоренети во македонската фолк традиција.

Стојне вели дека таа и нејзиниот тим внимателно работеле не само на музиката, туку и на визуелниот идентитет – таа вели – внимававме и на видеата и на секој детал во врска со истите. Секое видео е приказна сама по себе, автентично пренесена емоција што ја надополнува музиката.

Оваа грижа за секој сегмент од уметничкото дело е токму она што ја издвојува Николова од многумина – вниманието кон деталите и почитта кон публиката.

Реклама

Иако македонскиот музички пазар е помал од оној на соседните земји, Николова не се жали. Напротив, вели– тоа што го имаме, е доволно за гордост. Можеби немаме продукции големи како соседите, но тоа што го имаме е доволно за да се гордееме и што повеќе твориме и работиме ЗА НАС, ВАС, ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ И МУЗИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА.

Таа истакнува дека во секоја нова песна вложува искрена емоција и одговорност и вели – сакам секогаш да е нешто поразлично и се разбира подобро.Таа никогаш не бега од предизвиците и од потребата да се развива, и затоа нејзиниот музички пат е исполнет со постојан раст и иновација. Нејзините песни често се одраз на таа длабока врска со Македонија како љубов,

На крајот од својот осврт, Стојне со гордост истакнува – Се гореам што сум се родила во оваа мала, но најмила земја, напатена, но полна со живот и љубов. И како што се вели во една моја песна “ДА ПЕЕМЕ НА МАКЕДОНСКИ”, јас ќе се потрудам што повеќе да ви пеам, и во сите проекти да го дадам најдоброто.

Реклама

Реклама
Продолжи со читање
Реклама

Народна

Владимир Поповски ја оживеа „Непокорни Македонци“ – песна што зборува во името на народот

Објавено

на

Од

Пред неколку месеци, на социјалните мрежи се појави едно младо име кое брзо го привлече вниманието на јавноста – Димче Ѓорѓиовски, на социјалните мрежи познат како ,,Горд Македонец”. Млад, искрен и исполнет со ентузијазам и длабок патриотизам, Димче несебично ја промовира Македонија и македонската музика, користејќи ги можностите на современата технологија. Секојдневно создава текстови и, со помош на AI програми, комплетни песни придружени со видеа, носејќи силни пораки за идентитетот, историјата и духот на македонскиот народ.

Во неговите почетоци се роди песната „Непокорни Македонци“ – дело кое за кратко време ги освои неговите следбеници и предизвика силни емоции кај публиката. Но нејзината моќ и квалитет не останаа забележани само на социјалните мрежи. Песната го привлече вниманието и на познатиот пејач Владимир Поповски, кој ги откупи авторските права и ѝ даде нов, сценски живот.

„Непокорни Македонци“ во изведба на Владимир Поповски доби силна музичка поддршка од врвни музичари: Дино Милосављевиќ на тапани, Горан Гешовски на бас гитара, Нико Сребров на пијано и Танче Гроздановски на гитара. За песната е снимен и впечатлив видео спот во продукција на Студио Анастасија, кој дополнително ја заокружува нејзината порака.

Реклама

На својот Фејсбук профил, Владимир Поповски емотивно напиша дека ова е неговата прва авторска композиција и дека со неа ја отвора приказната за еден народ што со векови носи тешки бремиња, поделби, неправди, прогонства и тишини но никогаш не се откажал од себе и од своето достоинство.

„Непокорни Македонци“, како што истакнува Поповски, не е само песна, туку глас на оние што не влегле во учебниците, на оние што тивко ја чувале земјата, на сите што биле разделени со линии на карта и казнувани само затоа што биле Македонци. Песна за пирејот што не се суши, за гордоста што не исчезнува и за љубовта кон Македонија која обединува дури и кога сè друго се руши.

Особено значаен момент е и фактот што, во преписката со екипата на Естрада.мк околу авторските права, Владимир Поповски нагласи:
„Небитно е, оваа песна е на македонскиот народ.“

Реклама

Видео спотот е делумно снимен и со екипата на ЕБР (Единица за брзо распоредување), со што симболично и достоинствено им се оддава чест на загинатите припадници на оваа единица, момци кои ги положиле своите животи во служба на татковината.

„Непокорни Македонци“ денес стои како музички споменик и почит кон сите непокорни души, кон сите што издржаа, опстанаа и продолжуваат со крената глава. Потсетник дека можат да нè делат, да нè бришат и да нè потиснуваат, но никогаш да ни ја земат душата. Затоа што Македонија живее преку своите луѓе и преку песни како оваа.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ