Поврзете се со нас

Шоу Биз

Импресиите на Бици по враќањето од Острошкиот манастир

Објавено

на

Како што најавивме пред некој ден, нашата водителка Биљана Коцева Алексовска отпатува на поклонение во Манастирот посветен на Свети Василиј Острошки и секако со нетрпение ги очекувавме импресиите од посетата на Манастирот.

По нејзинито враќање, повторно ја исконтактиравме Биљана или како што ја знаат слушателите на Радио Зона м1 – Бици, да ја прашаме како помина и какви импресии понесе со себе на враќање во Македонија.

Реклама
Во Твоја Зона

Бици сеуште под импресии од мирот и спокој што го понела со себе од таму, ни кажа:

На поклоничкото патување во Острошкиот мансатир го доживеавме чудото на неговото присуство и благословот што го носи во себе. Пристигнавме во утринските часови, полни со возбуда и благодарност.

Реклама
Во Твоја Зона

Јас и мојата драга пријателка Сашка, за здравјето на нашите семејства, направивме договор – јас да се искачам горе со мини бусот, додека Сашка, со особена посветеност, изрази желба да се искачи боса, носејќи ја својата молитва на секој чекор. Штом стигнавме до манастирот, ги наместивме душеците и се подготвивме за одмор под ведрото, сино небо, што го покриваше Острог. Воздухот беше исполнет со мирисот на расцветаните дрвја, а атмосферата така спокојна, што се чувствувавме како да сме во друга димензија.

По кратка починка,целото мое друштво кое го сочинувавме јас, Сашка , Соњичка, Горан,Снеже и Мица се упативме кон редот каде се чекаше за поклонение на светите мошти на Свети Василиј. Со секој чекор ја носевме молитвата во срцето, додека се приближувавме до малата вратничка на манастирот. Со сето смирение во нас кое ни го пружа манастирот и околината, се поклонивме пред светите мошти на Свети Василиј.

Верувајте ми – рече Бици – мирот што владее во таа мала собичка е неверојатен. Едноставно, го чувствуваш духот на Светителот како да е присутен тука, до тебе. Исполнета со душевен мир и спокој му се заблагодарив на Светителот што на некој начин не повика да влеземе во Неговиот дом и за благодатта што ја добивме. Секако и дека се искачивме на местото каде што Свети Василиј се упокоил, да се поклониме и на тоа Свето место, а таму доживеавме своевидно чудо кога видовме дека на самото местото, изникнало винова лоза. На кратко уживавме и на терасата, во прекрасениот поглед над целиот град, кој изгледаше како да доаѓа од рајските конаци.

Како што налагаат обичаите, оставивме дарови за здравје, ги испишавме имињата на оние за кои се помоливме, си купивме манастирски производи и се спуштивме до Долниот манастир каде останавме на ручек, на убава пастрмка и чаша вино. Вечерта повторно се вративме во Горниот манастир каде, на јамболија, послана на гола земја спевме во сладок, мирен и спокоен сон. Сето тоа се должи на месечината која ни паѓаше на клепките и мирисот од природниот планински венец.

За жал, како што и некогаш бива, иако не сакаме, се случуваат и незгоди, меѓутоа благодарни сме на Бога што и таа незгода среќно заврши. Нашата пријателка Мица беше паднала и го повредила колкот. Со помош на мештаните, ја однесовме во Даниловград каде што прими инекција за да може да го издржи патот до Скопје, каде што под хитно и беше направена операција и за некое чудо таа веќе вториот ден беше на нозе, нормално со ортопедско помагало.

Реклама
Во Твоја Зона

Треба да прифатиме дека животот е тркало и некогаш ќе имаме убави моменти, но со отворена душа треба да ги прифатиме и лошите моменти и со верба во Бога да се молиме да истраеме во искушението што не обземало.

Благословот на Свети Василиј ќе остане со нас, а неговата милост и молитви ќе не водат низ сите животни патишта – рече на крајот Бици.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

Антониа Гиговска повторно во трендинг модерната „Чукај, чукај“ стана хит

Објавено

на

Од

Што е ново кај Антониа Гиговска? Популарната македонска пејачка деновиве повторно е во центарот на вниманието со нов музички проект кој веќе ги освојува социјалните мрежи и помладата публика. Станува збор за модерна преработка на легендарниот хит „Чукај, чукај“, кој го отпеа заедно со Благица Павловска.

Две генерации од македонската музичка сцена ги здружија силите за да му дадат нов живот на еден од најпознатите домашни хитови. Новата верзија носи современ звук и динамичен ритам, комбинирајќи поп и фолк елементи во стил кој лесно допира и до младата публика.

Во проектот се приклучува и сопругот на Гиговска, Роберт Спасенцовски – Џокер, кој внесува дополнителна енергија со својот рап дел. Зад музичката реализација стојат Дарко Димитров и Медо Цун, додека аранжманот е создаден во соработка со Дамир Имери.

Песната за кратко време стана омилена меѓу младите, а коментарите на социјалните мрежи покажуваат дека публиката одлично ја прифати новата верзија. Многумина коментираат дека проектот успешно ја спојува носталгијата на старите хитови со модерниот музички правец.

Видеоспотот е реализиран во современ стил со впечатлива визуелна приказна, а целиот тим работел на тоа проектот да добие урбан и модерен изглед.

Реклама
Во Твоја Зона

По објавувањето, Гиговска испрати емотивна порака до својата публика, повикувајќи ги луѓето повеќе да се смеат, да простуваат и да живеат со срце, истакнувајќи дека токму таква е пораката што ја носи „Чукај, чукај“. И воедно најави дека со оваа песна, го најавува својот нов албум ,,Жена” и останатите 5 песни кои треба да излезат, како што рече таа – наскоро.

Слободниот простор, од песна до песна Антонија го потполнува како бренд лице на женскиот ракометен клуб ЖРК Атлетик, спојувајќи ја музиката со спортот. А нам ни останува да почекаме за уживањето во нејзините нови песни.

Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ