ЗАБАВНА
Нина Спирова – еден од гласовите што ги чува корените
Коренот и идентитетот на еден народ не се чуваат само преку историјата и традицијата, туку и преку музиката. Токму затоа, Естрада.мк продолжува да потсетува на имињата кои ги поставија темелите на македонската народна и забавна музика, уметници чие творештво не смее да биде заборавено.
Во оваа статија се навраќаме на ликот и делото на легендарната Нина Спирова, една од најпознатите македонски пејачки на староградска и народна музика на сите времиња.
Родена во Прилеп во 1938 година, Спирова уште од својата 16-годишна возраст започнува активно да настапува, најавувајќи блескава музичка кариера. Со својот милозвучен, топол и кадифен глас, таа остави неизбришлива трага во македонската музичка историја, создавајќи бројни записи кои и денес се сметаат за евергрини.
Нејзиниот репертоар опфаќа забавни мелодии, но и вистински бисери на староградската македонска музика. Според музичките познавачи и нејзините почитувачи, најсилен белег остави токму преку интерпретацијата на македонската народна и староградска песна.
Нина Спирова била дел од првите изданија на Скопскиот фестивал, а во текот на својата кариера соработувала со најзначајните македонски автори и композитори, меѓу кои Драган Ѓаконовски – Шпато, Љубомир Бранѓолица и Димитар Масевски. За музичката продукција на МРТВ снимила повеќе од 80 композиции, од кои многу станале антологиски хитови.
Меѓу најпознатите песни што и денес живеат се „Молчи, молчи“, „Еден бакнеж“, „Езеро мое“, „Далечен крај“, „Пелистерски очи“ и „На овој ден“.
Особено место во нејзината кариера зазема безвременскиот хит „Еден бакнеж“, кој во придружба на Македонската филхармонија прерасна во вистински музички бисер. Песната била изведена на фестивалот „Опатија“ во 1962 година, каде што ја освоила првата награда, уште една потврда за нејзиниот исклучителен талент.
Спирова имала и интернационални настапи, меѓу кои се издвојува учеството на фестивалот „Белградска пролет“ во 1964 година со песната „Бела хризантема“. Снимила и сингл плочи на српскохрватски јазик, со што нејзиниот глас допрел и до пошироката регионална публика.
И покрај огромната популарност, Нина Спирова остана скромна, ненаметлива и повлечена личност. Нејзиниот приватен живот речиси и да не беше изложен на јавноста, реткост за уметник од нејзиниот калибар.
Во почетокот на 80-тите години, таа се повлекува од естрадната сцена, оставајќи зад себе богато музичко наследство. Почина на 11 септември 2020 година, на 82-годишна возраст. Погребана е во селото Коштуниќи, меѓу Чачак и Горњи Милановац во Србија, каде што нејзините најблиски ѝ подигнаа споменик. Во Србија го носеше статусот на истакнат уметник.
Нина Спирова ќе остане засекогаш запаметена како еден од темелите на македонската музика, глас кој ги раскажува корените, традицијата и душата на еден народ.
ЗАБАВНА
Скопје подготвено за големиот концерт на Владо Георгиев
Еден од најомилените балкански кантавтори, Владо Георгиев, најавува голем солистички концерт во Скопје на 24 април 2026 година, во спортскиот центар СЦ Јане Сандански.

По серијата од четири концерти во Белградска арена, од кои три беа рекордно распродадени, Георгиев пред македонската публика ќе донесе „господска“ музичка приказна исполнета со емоција, елеганција и препознатлив боемски стил.

Публиката може да очекува врвна изведба и автентичен звук, кој не се води по трендовите, туку по моментот – концерт што ветува незаборавно музичко доживување.
-
Шоу Бизпред 2 неделиМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Шоу Бизпред 1 месецСека Алексиќ и Раста на иста сцена во Арена „Јане Сандански“
-
Народнапред 3 денаДа не ги заборавиме корените – Петранка Костадинова
-
ЗАБАВНАпред 2 недели„Оваа недела не е во ред да пееме“: Владо Георгиев го помести својот концерт во Скопје за 24-ти април
-
Шоу Бизпред 3 неделиЈАКОВ ЈОЗИНОВИЌ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ – РЕГИОНАЛНАТА СЕНЗАЦИЈА СО ПРВ КОНЦЕРТ ВО МАКЕДОНИЈА
-
Шоу Бизпред 2 дена„ТВОЈА ЗОНА“ Луксузен приватен простор за незаборавни журки – со можност и за професионално снимање на секој момент!
-
Шоу Бизпред 3 недели25 години музика во една вечер – „Љубојна“ со јубилеен концерт во Скопје
-
Некатегоризиранопред 2 неделиМагија во филхармонија – Јоце Панов со концерт за паметење – емоции и еуфорија до самиот крај!

