Поврзете се со нас

Шоу Биз

Со емоции и почит – Александар Јосифовски со ковер на „Кому да запеам“

Објавено

на

Со огромна почит кон македонската музичка традиција и длабока емоција, Александар Јосифовски кој го освои регионот по учеството во Ѕвездите на Гранд, каде го освои високото второ место, на својот Фејсбук профил ни го претстави својот најнов музички проект – ковер верзија на легендарната песна „Кому да запеам“, првично изведена од незаборавниот Благоја Грујовски.

Јосифовски не крие дека станува збор за една од неговите најомилени композиции, песна која, како што вели, не е само музика, туку вистинско сведоштво за едно време, една генерација и емоции што не стареат. Токму затоа, овој проект е замислен како искрен омаж за човекот и делото што оставиле длабока трага во македонската музичка историја.

Авторскиот тим зад ова безвременско музичко дело е составен од големи имиња: текстот е дело на велемајсторот Огнен Неделковски, музиката ја потпишува легендарниот музички творец Григор Копров, додека аранжманот е на музичкиот великан Дамир Имери. Комбинацијата на нивниот талент создаде песна која и денес, со ист интензитет, допира до срцата на слушателите.

Со својата интерпретација, Александар Јосифовски се обидува да ја пренесе истата тежина и убавина што ја носи оваа легендарна композиција, притоа внесувајќи личен печат и современа сензибилност, но без да ја наруши нејзината автентичност.

Реклама

„За Благоја. За времето што го одбележа. За песните што живеат засекогаш“, порачува Јосифовски, потврдувајќи дека вистинската музика нема рок на траење, туку продолжува да живее низ нови гласови и нови генерации.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама

Некатегоризирано

Магија во филхармонија – Јоце Панов со концерт за паметење – емоции и еуфорија до самиот крај!

Објавено

на

Од

Во преполната сала на Македонска филхармонија, синоќа се одржа долго најавуваниот концерт на Јоце Панов, кој на публиката ѝ приреди вечер за паметење, исполнета со силни емоции, енергија и бројни изненадувања.

Непосредно пред почетокот, Панов преку социјалните мрежи ја изрази својата возбуда и благодарност за поддршката која ја добива повеќе од 25 години. Таа емоција се пренесе и на сцената, каде заедно со над 40 музичари создаде атмосфера што публиката ја следеше од првиот до последниот момент.

Концертот се одвиваше во динамичен и разигран ритам, со внимателно избран репертоар. Покрај неговите добро познати хитови, Панов ги изведе и своите две нови песни „Нема ме више“ и „Жено вистинска“, кои беа одлично прифатени од присутните.

Вечерта беше збогатена и со специјални гости. На сцената му се придружија Наум Петрески и Сале Тропико. Посебен момент предизвика заедничката изведба со Петрески на легендарната песна „За Милица“, која публиката ја пееше во еден глас.

Дополнителни изненадувања ја одбележаа вечерта. Како гостин се појави и синот на Јоце, Лука, кој изведе португалска песна и внесе поинаква музичка нота во програмата. На сцената се приклучи и оркестар од Берово, со кој Панов ја изведе „Во туѓина“, предизвикувајќи силни емоции кај публиката.

Во текот на концертот, пејачот во еден момент се симна меѓу присутните, воспоставувајќи директен контакт со своите обожаватели и дополнително ја зближувајќи атмосферата.

На настанот присуствуваше и екипа на Радио Зона М1, која одблиску го проследи целиот концерт и атмосферата во салата.

По завршувањето, Панов повторно се обрати до публиката, истакнувајќи дека вечерта била „магична“ и незаборавна. Тој најави дека нема да чека до следната година за нов концерт, туку дека веќе размислува за нов настап кој би се реализирал уште во текот на оваа година.

Реклама

Со овој концерт, Јоце Панов уште еднаш ја потврди својата силна врска со публиката и своето значајно место на македонската музичка сцена.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ