Шоу Биз
Нова кавер-приказна од младиот вокал Никола Милосковски – Емотивната балада „Лутка“ доби нова душа
Ако ова лето вниманието ви го привлече младиот, харизматичен и исклучително талентиран кумановец Никола Милосковски со неговиот прв кавер за култната песна „Полско цвеќе“ од отпеана од македонската музичка икона Тоше Проески, тогаш неговото најново музичко изненадување сигурно ќе ве натера повторно да притиснете „play“. Овој пат, предновогодишно и токму во вистински момент, Никола се претставува со своја верзија на емотивната балада – песната „Лутка“ од Саша Матиќ. Станува збор за песна што, како што самиот тој признава, одамна ја носи во себе.
„Ја имам слушнато многу одамна и некако буди посебна емоција во мене. Во комбинација со мелодиската линија, буквално ми е по мој вкус“, вели Никола, додавајќи дека токму ваквите балади му дозволуваат да го покаже својот вистински вокален и емоционален израз.
Во време кога каверите често звучат исто, Милосковски се обидува да внесе личен печат – без копирање, без претерување, туку со мерак и искреност. Токму тоа е и причината зошто неговите изведби лесно наоѓаат пат до публиката. Посебно внимание привлекува и видеото, зад кое стои Стефан Катранџиски, со кого, како што вели Никола, уште од првиот момент постоела јасна уметничка визија.
„Уште од самиот стартми се допадна неговата професионалност во снимањето и начинот на кој успеавме заедно да ја доловиме емоцијата“, открива Никола, нагласувајќи дека визуелната приказна е важен дел од целокупниот впечаток.
Она што го издвојува Никола Милосковски на домашната сцена е неговиот природен пристап кон музиката – без маски, со јасна емоција и препознатлива боја во гласот. Неговиот фокус не е само на нотите, туку и на она што се крие помеѓу нив – искрената интерпретација и личниот печат.
Но, ова не е крајот на музичката приказна за младиот пејач. Напротив – во периодот што следува се очекуваат уште неколку преработки, кои веќе се снимени, а доколку сè оди според планот, публиката наскоро ќе може да ја слушне и неговата прва авторска песна. Додека новите проекти се подготвуваат, Никола Новата година ќе ја дочека работно, настапувајќи во Гостилница „Дома“ во Куманово, заедно со луѓето кои ја ценат неговата работа и го препознаваат звукот и приказните што ги раскажува – и во музиката, и во тишината меѓу тоновите.
Со ваков континуитет, искреност и љубов кон музиката, Никола Милосковски полека, но сигурно, станува име што вреди да се следи на домашната сцена.
Шоу Биз
ЈАКОВ ЈОЗИНОВИЌ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ – РЕГИОНАЛНАТА СЕНЗАЦИЈА СО ПРВ КОНЦЕРТ ВО МАКЕДОНИЈА
Регионално сè попопуларниот изведувач Јаков Јозиновиќ во рамки на својата турнеја за 2026 година, насловена „Ја за чуда летим“, за првпат ќе настапи пред македонската публика. Концертот е закажан за 9 април во Арена „Јане Сандански“ во Скопје.
Настапот во главниот град е дел од големата регионална турнеја што опфаќа повеќе значајни музички центри. Меѓу нив се концерт во Арена Загреб, серија од дури пет настапи во белградскиот Сава Центар, како и концерти во Нови Сад, Риека, Сплит, Осиек и Љубљана.

Турнејата доаѓа во период кога Јозиновиќ го најавува новото поглавје во својата кариера. Неодамна беше објавен и неговиот прв сингл „Поље ружа“, кој веќе привлекува внимание кај публиката и најавува свеж музички правец.

Со зад себе низа успешни и распродадени концерти низ регионот, Јаков Јозиновиќ се профилира како едно од највпечатливите нови имиња на музичката сцена. Неговиот настап во Скопје се очекува да предизвика голем интерес и да донесе уште едно силно концертно доживување за љубителите на современата музика.
Картите за предстојниот концер на Јаков Јозиновиќ се во продажба на МК Тикетс.
-
Шоу Бизпред 3 неделиСека Алексиќ и Раста на иста сцена во Арена „Јане Сандански“
-
Шоу Бизпред 21 час25 години музика во една вечер – „Љубојна“ со јубилеен концерт во Скопје
-
Народнапред 2 месециВладимир Поповски ја оживеа „Непокорни Македонци“ – песна што зборува во името на народот
-
Шоу Бизпред 4 месеци„Аска 2“ доаѓа на 2 декември – нов музички бум од Теа Таировиќ
-
Шоу Бизпред 2 месециАлександар Митевски и хорот „Фрида“ со музички спомен за Фросина Кулавкова
-
Народнапред 2 месециЛени Партикова со прес-конференција го најави концертот и новиот албум „Горда сум Македонка“
-
Шоу Бизпред 2 месециСо емоции и почит – Александар Јосифовски со ковер на „Кому да запеам“
-
Шоу Бизпред 3 месециРадио Зона М1 во блесок и сјај го одбележа својот 32-ри роденден – ноќ исполнета со музика, емоции и вистински гламур
