Поврзете се со нас

Народна

Наум Петрески со нова емотивна балада „Една солза“

Објавено

на

Еден од најценетите и најпрепознатливи гласови на македонската народна музика, Наум Петрески, повторно ја допре душата на публиката со својата најнова музичка приказна насловена „Една солза“. Станува збор за моќна и искрена балада, во која доминираат емоцијата и длабочината – карактеристики по кои Петрески е препознатлив со децении.

Песната раскажува интимна животна приказна, проткаена со чувства што лесно се препознаваат и доживуваат. Автор на музиката и текстот е Јован Василевски, долгогодишен соработник на Петрески, чија креативна визија уште еднаш совршено се вклопува со интерпретаторската сензибилност на пејачот. Нивната заедничка работа повторно резултира со композиција која остава силен впечаток уште при првото слушање.

Со „Една солза“, Наум Петрески не нуди само нова песна, туку отвора и ново поглавје во својата кариера. Од неговиот тим најавуваат динамичен период исполнет со нови музички изданија, видеоспотови и внимателно одбрани соработки, кои дополнително ќе го збогатат неговиот богат музички репертоар и ќе ја потврдат неговата трајна вредност на македонската музичка сцена.

Реклама

Реклама
Продолжи со читање
Реклама

Народна

Владимир Поповски ја оживеа „Непокорни Македонци“ – песна што зборува во името на народот

Објавено

на

Од

Пред неколку месеци, на социјалните мрежи се појави едно младо име кое брзо го привлече вниманието на јавноста – Димче Ѓорѓиовски, на социјалните мрежи познат како ,,Горд Македонец”. Млад, искрен и исполнет со ентузијазам и длабок патриотизам, Димче несебично ја промовира Македонија и македонската музика, користејќи ги можностите на современата технологија. Секојдневно создава текстови и, со помош на AI програми, комплетни песни придружени со видеа, носејќи силни пораки за идентитетот, историјата и духот на македонскиот народ.

Во неговите почетоци се роди песната „Непокорни Македонци“ – дело кое за кратко време ги освои неговите следбеници и предизвика силни емоции кај публиката. Но нејзината моќ и квалитет не останаа забележани само на социјалните мрежи. Песната го привлече вниманието и на познатиот пејач Владимир Поповски, кој ги откупи авторските права и ѝ даде нов, сценски живот.

„Непокорни Македонци“ во изведба на Владимир Поповски доби силна музичка поддршка од врвни музичари: Дино Милосављевиќ на тапани, Горан Гешовски на бас гитара, Нико Сребров на пијано и Танче Гроздановски на гитара. За песната е снимен и впечатлив видео спот во продукција на Студио Анастасија, кој дополнително ја заокружува нејзината порака.

Реклама

На својот Фејсбук профил, Владимир Поповски емотивно напиша дека ова е неговата прва авторска композиција и дека со неа ја отвора приказната за еден народ што со векови носи тешки бремиња, поделби, неправди, прогонства и тишини но никогаш не се откажал од себе и од своето достоинство.

„Непокорни Македонци“, како што истакнува Поповски, не е само песна, туку глас на оние што не влегле во учебниците, на оние што тивко ја чувале земјата, на сите што биле разделени со линии на карта и казнувани само затоа што биле Македонци. Песна за пирејот што не се суши, за гордоста што не исчезнува и за љубовта кон Македонија која обединува дури и кога сè друго се руши.

Особено значаен момент е и фактот што, во преписката со екипата на Естрада.мк околу авторските права, Владимир Поповски нагласи:
„Небитно е, оваа песна е на македонскиот народ.“

Реклама

Видео спотот е делумно снимен и со екипата на ЕБР (Единица за брзо распоредување), со што симболично и достоинствено им се оддава чест на загинатите припадници на оваа единица, момци кои ги положиле своите животи во служба на татковината.

„Непокорни Македонци“ денес стои како музички споменик и почит кон сите непокорни души, кон сите што издржаа, опстанаа и продолжуваат со крената глава. Потсетник дека можат да нè делат, да нè бришат и да нè потиснуваат, но никогаш да ни ја земат душата. Затоа што Македонија живее преку своите луѓе и преку песни како оваа.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ