Поврзете се со нас

ЗАБАВНА

„Три лица на љубовта“ – нов мултимедијален проект на Митко Чешларов што ја спојува поезијата, музиката и драмата

Објавено

на

На 10 декември 2025 година, со почеток во 19:30 часот, во Малата сала на Филхармонија ќе се одржи промоцијата на „Три лица на љубовта“ – нов, концептуален мултимедијален проект на авторот Митко Чешларов, издаден од Сигмапрес. Станува збор за дело што ги спојува литературата, музиката и драмската уметност во една заокружена целина, нудејќи му на читателот и слушателот сосема ново уметничко доживување.

Книгата комбинира три различни форми — лирски записи, авторски музички композиции и драмски текст — преку кои се истражуваат теми длабоко вкоренети во секој човек: љубовта, осаменоста, копнежот и личните внатрешни светови. Секоја композиција содржи свој лирски запис, а во изданието се вклучени и QR-кодови што водат директно до сите веќе објавени песни на официјалниот YouTube-канал на авторот. Засега се снимени осум композиции, но проектот продолжува динамично — и во македонска изведба и во паралелна подготовка за хрватскиот пазар.

Особено внимание привлекува драмскиот текст „Кој сум јас“, инспириран од начинот на кој музиката нè поврзува со сопствените чувства. Според авторот, секој човек во еден стих, тон или момент од песна може да го пронајде својот личен емоционален одраз, како да е создадена токму за него. Од оваа универзална реакција се родила драмата — третото лице на љубовта во рамки на проектот.

Реклама

Музичките изведби во проектот ги носи импресивна листа вокални уметници: Мариана Бошковска, Ана Петановска, Горан Наумовски, Агни Авшар, Биба Додева, Жаклина Стевковска и Зорица Поп Панкова. За некои од нив, токму овие композиции претставуваат прво ново музичко остварување по подолг временски период. Музиката и текстовите се на Митко Чешларов, а аранжманите се дело на познатите аранжери Ангел Ќосев, Кристијан Габроски, Стефан Петановски, Давор Јордановски и Владимир Дојчиновски.

Промоцијата ќе ја водат Драги Павлевски и Жаклина Стевковска, а публиката ќе може да доживее ретка комбинација на лирски читања, музички изведби и драмски сегменти — уметнички спој што ретко се среќава на домашната сцена.

Реклама

Настанот е отворен за сите љубители на литературата и музиката. Влезот е слободен, пристигнувањето е препорачано од 19:15 часот, а официјалниот почеток е закажан за 19:30 часот.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама

ЗАБАВНА

Ретро спектакл во Скопје – „Forever Young 2025“

Објавено

на

Од

На 28 ноември (петок), во модерниот Event Expo Center кај новата железничка станица, скопјани ќе имаат можност да уживаат во незаборавна ретро журка насловена „Forever Young 2025“ – настан посветен на генерациите кои пораснаа, но никогаш не престанаа да бидат млади во душата.

Настанот е замислен како враќање во времето кога владееја диско ритмовите, кога танцувањето беше стил на живот, а забавата траеше до раните утрински часови. „Forever Young 2025“ ќе биде вечер исполнета со музички хитови од 70-тите, 80-тите и 90-тите, со многу светла, енергија и носталгија.

Организатор на журката е познатиот музички и моден менаџер Милорад Цаиќ – Цајо, човек кој со децении стои зад многу музички проекти и забави во регионот, гарантирајќи автентична атмосфера и врвно искуство.

Картите се веќе во продажба преку:

Реклама
  • kupikarta.com
  • продажната мрежа на Розе Веро 2
  • Литература.мк
  • Агенција ЈК Травел

Организаторите најавуваат ретро вечер која ќе ве врати во времето на младоста, во времето на безгрижните излегувања, вистинската музика и незаборавните моменти.

Подгответе се за носталгија и вистинска диско забава, да блеснеме повторно во ретро ритам.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ