Поврзете се со нас

Шоу Биз

Аца Лукас сепак ќе настапи во Скопје, приходот од концертот најавен како донација за настраданите во Кочани

Објавено

на

По инцидентот што се случи викендов во Кавадарци, кога настапот на фолк-ѕвездата Аца Лукас беше прекинат од полицијата, јавноста не престанува да реагира. Според информации од полицијата, причина за приведувањето била наводна неисправна документација за негов престој во Македонија. Од друга страна, Лукас и Саша Мирковиќ, директорот на „Хајп продукција“, под чија закрила настапува пејачот, тврдат дека зад случајот стои политичка позадина.

Порталот Естрада.мк не навлегува во детали околу различните тврдења, но она што следеше по инцидентот предизвика дополнителни реакции кај публиката. Имено, веднаш по приведувањето, Лукас изјави дека ќе размисли дали во иднина воопшто ќе настапува во Македонија. Со тоа под знак прашалник беше ставен и веќе најавениот голем концерт во декември во арената „Јане Сандански“.

Ситуацијата денес доби нов пресврт. Саша Мирковиќ на својот Инстаграм профил објави видео во кое заедно со Аца Лукас соопштува дека концертот сепак ќе се одржи, а уште позначајно – целиот приход од настанот ќе биде дониран за семејствата настрадани во трагедијата во Кочани.

Реклама

Одлуката беше поздравена од дел од јавноста, но исто така отвори и нови прашања и дилеми.

Останува да видиме дали навистина ќе го испочитуваат ветувањето и средствата ќе бидат донирани онака како што е најавено.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама

Шоу Биз

Со емоции и почит – Александар Јосифовски со ковер на „Кому да запеам“

Објавено

на

Од

Со огромна почит кон македонската музичка традиција и длабока емоција, Александар Јосифовски кој го освои регионот по учеството во Ѕвездите на Гранд, каде го освои високото второ место, на својот Фејсбук профил ни го претстави својот најнов музички проект – ковер верзија на легендарната песна „Кому да запеам“, првично изведена од незаборавниот Благоја Грујовски.

Јосифовски не крие дека станува збор за една од неговите најомилени композиции, песна која, како што вели, не е само музика, туку вистинско сведоштво за едно време, една генерација и емоции што не стареат. Токму затоа, овој проект е замислен како искрен омаж за човекот и делото што оставиле длабока трага во македонската музичка историја.

Авторскиот тим зад ова безвременско музичко дело е составен од големи имиња: текстот е дело на велемајсторот Огнен Неделковски, музиката ја потпишува легендарниот музички творец Григор Копров, додека аранжманот е на музичкиот великан Дамир Имери. Комбинацијата на нивниот талент создаде песна која и денес, со ист интензитет, допира до срцата на слушателите.

Со својата интерпретација, Александар Јосифовски се обидува да ја пренесе истата тежина и убавина што ја носи оваа легендарна композиција, притоа внесувајќи личен печат и современа сензибилност, но без да ја наруши нејзината автентичност.

Реклама

„За Благоја. За времето што го одбележа. За песните што живеат засекогаш“, порачува Јосифовски, потврдувајќи дека вистинската музика нема рок на траење, туку продолжува да живее низ нови гласови и нови генерации.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ