Поврзете се со нас

ЗАБАВНА

Ретро спектакл во Скопје – „Forever Young 2025“

Објавено

на

На 28 ноември (петок), во модерниот Event Expo Center кај новата железничка станица, скопјани ќе имаат можност да уживаат во незаборавна ретро журка насловена „Forever Young 2025“ – настан посветен на генерациите кои пораснаа, но никогаш не престанаа да бидат млади во душата.

Настанот е замислен како враќање во времето кога владееја диско ритмовите, кога танцувањето беше стил на живот, а забавата траеше до раните утрински часови. „Forever Young 2025“ ќе биде вечер исполнета со музички хитови од 70-тите, 80-тите и 90-тите, со многу светла, енергија и носталгија.

Организатор на журката е познатиот музички и моден менаџер Милорад Цаиќ – Цајо, човек кој со децении стои зад многу музички проекти и забави во регионот, гарантирајќи автентична атмосфера и врвно искуство.

Картите се веќе во продажба преку:

Реклама
  • kupikarta.com
  • продажната мрежа на Розе Веро 2
  • Литература.мк
  • Агенција ЈК Травел

Организаторите најавуваат ретро вечер која ќе ве врати во времето на младоста, во времето на безгрижните излегувања, вистинската музика и незаборавните моменти.

Подгответе се за носталгија и вистинска диско забава, да блеснеме повторно во ретро ритам.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама

ЗАБАВНА

Македонката Тина Русева триумфираше на „The Voice of Europe 2025“

Објавено

на

Од

Македонската пејачка Тина Русева оствари голем меѓународен успех освојувајќи го првото место на онлајн натпреварот „The Voice of Europe“. Родена во Струмица, Тина во изминатиот период го привлече вниманието на европската публика со својот моќен вокал, впечатлива сценска појава и исклучително емотивни интерпретации.

Русева претходно настапи на престижното музичко шоу „The Voice of Germany“, каде иако не ја освои главната титула, остави силен впечаток и беше препознаена како една од најоригиналните и најквалитетни кандидатки во целиот процес. Токму благодарение на тој настап, таа доби можност да ја претставува Германија на „The Voice of Europe“.

Натпреварот „The Voice of Europe“ се одвиваше преку социјалната мрежа Инстаграм, каде учесниците собираа поени од гласовите на публиката и од жири-комисија. Тина Русева доби најмногу гласови и од публиката и од жирито, а за само 24 часа собра над 40.000 лајкови, што претставува убедливо најголема поддршка меѓу финалистите.

По победата, Тина преку видео-обраќање им се заблагодари на сите кои ја поддржале:
„Ви благодарам многу, прво затоа што ме поддржавте, лајкувавте, коментиравте и што бевте тука. Исто така му благодарам на жирито што судеше фер. Она што можам да го кажам е – бидете тоа што сте, верувајте во себе, верувајте во процесот и успехот ќе ве следи“, порача Русева.

Реклама

Оваа победа претставува значаен чекор во кариерата на младата македонска пејачка и уште една потврда дека македонскиот талент има што да покаже и на европската сцена. Со својот автентичен стил, силна емоција и искрен пристап кон музиката, Тина Русева успеа да ги освои срцата на публиката и жирито и да го запише своето име меѓу најуспешните учесници на „The Voice“ франшизата.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ