ЗАБАВНА
ДВЕ НЕЗАБОРАВНИ МУЗИЧКИ ВЕЧЕРИ – АКУСТИЧНИ КОНЦЕРТИ НА КАЛИОПИ “100% LIVE“
Македонската музичка дива Калиопи подготвува две специјални концертни вечери во Скопје, со исклучително акустично издание насловено “100% LIVE“.
Концертите ќе се одржат на 6 и 7 декември во концертната сала на Македонската филхармонија, каде публиката ќе има ретка можност да ужива во сосема поинакво, интимно и емоционално музичко доживување.

Во ова двојно музичко патување, Калиопи ќе ги изведе своите најголеми хитови и евергрини од богатата кариера, но во нови акустични аранжмани, создадени специјално за ова издание. Со свежа звучна естетика, автентична интерпретација и препознатливиот моќен вокал, концертите ветуваат вистински уживање за сите љубители на квалитетната музика.
Билетите се веќе во продажба и може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikarta.com
ЗАБАВНА
Македонката Тина Русева триумфираше на „The Voice of Europe 2025“
Македонската пејачка Тина Русева оствари голем меѓународен успех освојувајќи го првото место на онлајн натпреварот „The Voice of Europe“. Родена во Струмица, Тина во изминатиот период го привлече вниманието на европската публика со својот моќен вокал, впечатлива сценска појава и исклучително емотивни интерпретации.
Русева претходно настапи на престижното музичко шоу „The Voice of Germany“, каде иако не ја освои главната титула, остави силен впечаток и беше препознаена како една од најоригиналните и најквалитетни кандидатки во целиот процес. Токму благодарение на тој настап, таа доби можност да ја претставува Германија на „The Voice of Europe“.

Натпреварот „The Voice of Europe“ се одвиваше преку социјалната мрежа Инстаграм, каде учесниците собираа поени од гласовите на публиката и од жири-комисија. Тина Русева доби најмногу гласови и од публиката и од жирито, а за само 24 часа собра над 40.000 лајкови, што претставува убедливо најголема поддршка меѓу финалистите.
По победата, Тина преку видео-обраќање им се заблагодари на сите кои ја поддржале:
„Ви благодарам многу, прво затоа што ме поддржавте, лајкувавте, коментиравте и што бевте тука. Исто така му благодарам на жирито што судеше фер. Она што можам да го кажам е – бидете тоа што сте, верувајте во себе, верувајте во процесот и успехот ќе ве следи“, порача Русева.
Оваа победа претставува значаен чекор во кариерата на младата македонска пејачка и уште една потврда дека македонскиот талент има што да покаже и на европската сцена. Со својот автентичен стил, силна емоција и искрен пристап кон музиката, Тина Русева успеа да ги освои срцата на публиката и жирито и да го запише своето име меѓу најуспешните учесници на „The Voice“ франшизата.
-
Шоу Бизпред 2 месеци„Аска 2“ доаѓа на 2 декември – нов музички бум од Теа Таировиќ
-
Шоу Бизпред 2 месециРадио Зона М1 во блесок и сјај го одбележа својот 32-ри роденден – ноќ исполнета со музика, емоции и вистински гламур
-
Народнапред 1 неделаВладимир Поповски ја оживеа „Непокорни Македонци“ – песна што зборува во името на народот
-
Шоу Бизпред 5 месециНа 18-ти септември село Булачани ќе чука „во ритам на хуманоста“ со голем концерт
-
Шоу Бизпред 2 месециРадио Зона М1 – 32 години музичка приказна што не престанува да пулсира
-
Народнапред 2 неделиЛени Партикова со прес-конференција го најави концертот и новиот албум „Горда сум Македонка“
-
Шоу Бизпред 3 неделиСо емоции и почит – Александар Јосифовски со ковер на „Кому да запеам“
-
Шоу Бизпред 1 месецНова кавер-приказна од младиот вокал Никола Милосковски – Емотивната балада „Лутка“ доби нова душа
