Поврзете се со нас

Шоу Биз

Бојана Скендеровски со прв солистички концерт „Бесмртна“ – 13 декември во Филхармонија

Објавено

на

Познатата поп-пејачка Бојана Скендеровски ќе го одржи својот прв самостоен концерт во Скопје, на 13 декември во Македонската филхармонија, со почеток од 20 часот. Настанот го носи симболичниот наслов „Бесмртна“, а преку него Бојана ќе го прослави 23-годишниот јубилеј на сцената.

Публиката ја памети Бојана по нејзиниот впечатлив настап во проектот за млади таленти „М2 – Потрага по ѕвезда“, како и по победата на Макфест 2003 со безвременската песна „Немам одбрана“, која и денес се пее со истата емоција.

Реклама

„Овој концерт е мојата благодарност кон публиката, музиката и сите моменти што ме изградија како уметник и како човек. Ќе пеам со срце и ќе ве поведам низ мојата животна и музичка приказна. Ветувам вечер исполнета со љубов и вистински емоции“, изјави Скендеровски.

Концертот „Бесмртна“ најавува емотивно патување низ нејзиниот музички свет, каде што спомените и сегашноста ќе се спојат во едно. Во магичниот амбиент на Филхармонијата, Бојана ќе се претстави во едно ново, интимно и искрено издание, со репертоар што ја одразува нејзината уметничка зрелост.

Реклама

Публиката ја очекува, прослава на 23 години кариера, вечер исполнета со љубов, спомени, нови почетоци и песни кои допираат до душата и остануваат бессмртни.

Оваа вечер ветува повеќе од концерт – приказна за љубовта, времето и уметноста која живее засекогаш во музиката на Бојана Скендеровски.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама

Шоу Биз

Со емоции и почит – Александар Јосифовски со ковер на „Кому да запеам“

Објавено

на

Од

Со огромна почит кон македонската музичка традиција и длабока емоција, Александар Јосифовски кој го освои регионот по учеството во Ѕвездите на Гранд, каде го освои високото второ место, на својот Фејсбук профил ни го претстави својот најнов музички проект – ковер верзија на легендарната песна „Кому да запеам“, првично изведена од незаборавниот Благоја Грујовски.

Јосифовски не крие дека станува збор за една од неговите најомилени композиции, песна која, како што вели, не е само музика, туку вистинско сведоштво за едно време, една генерација и емоции што не стареат. Токму затоа, овој проект е замислен како искрен омаж за човекот и делото што оставиле длабока трага во македонската музичка историја.

Авторскиот тим зад ова безвременско музичко дело е составен од големи имиња: текстот е дело на велемајсторот Огнен Неделковски, музиката ја потпишува легендарниот музички творец Григор Копров, додека аранжманот е на музичкиот великан Дамир Имери. Комбинацијата на нивниот талент создаде песна која и денес, со ист интензитет, допира до срцата на слушателите.

Со својата интерпретација, Александар Јосифовски се обидува да ја пренесе истата тежина и убавина што ја носи оваа легендарна композиција, притоа внесувајќи личен печат и современа сензибилност, но без да ја наруши нејзината автентичност.

Реклама

„За Благоја. За времето што го одбележа. За песните што живеат засекогаш“, порачува Јосифовски, потврдувајќи дека вистинската музика нема рок на траење, туку продолжува да живее низ нови гласови и нови генерации.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ