Поврзете се со нас

Шоу Биз

Зона М1 на прес-конференцијата на Теа Таировиќ: Пејачката најави спектакл и можен дует со македонски изведувач

Објавено

на

Пејачката Теа Таировиќ одржа прес-конференција во Скопје по повод големиот концерт што ќе се одржи на 15 ноември во Спортската сала „Борис Трајковски“.

По една година од последниот настап на истата сцена, атрактивната пејачка повторно го распродаде концертот, и како и секогаш и овој пат, се бара карта повеќе. Таировиќ во Скопје пристигна еден ден порано, во друштво на сопругот Иван.

„Добар ден на сите. Секогаш ми е убаво кога доаѓам во Скопје. Ова е моја втора куќа. Ова ми е веќе трет концерт овде и чувствувам уште поголема одговорност. Во тек се интензивни подготовки, особено во кондициска смисла, бидејќи шоуто ќе биде пообемно и поенергично од претходното. Подготвувам и втор дел од албумот ‘Аска’, па овој период ми е навистина интензивен. Се надевам дека ќе успеам да го надминам минатиот концерт. Македонската публика е срцева и темпераментна – исто како јас. Тоа е енергија што се пренесува и се чувствува,“ изјави Таировиќ.

По официјалниот дел, пејачката беше изненадена од своите најверни фанови од Македонија, кои ѝ подарија внимателно избрани подароци. Емоциите беа видливи – Таировиќ не можеше да ги сокрие насмевките и солзите радосници, а следеше и фотографирање и потпишување автограми.

Реклама

На прес-конференцијата присуствуваше и претставникот на радио „Зона М1“, Биљана Коцева Алексова, која ѝ постави прашање на пејачката дали во иднина планира соработка или дует со некој македонски изведувач.

„Секако дека би сакала. Македонија има фантастични пејачи и музичари, и се надевам дека во иднина ќе имам прилика да направам некоја убава музичка соработка,“ одговори Таировиќ со насмевка.

Таа на денешната прес-конференција не криеше дека, како и минатата година, и овојпат ќе има специјален гостин од Македонија, но не сакаше да открие за кого станува збор. Тоа, како што рече, ќе остане изненадување до саботната ноемвриска вечер, кога ќе се одржи концертот на Таировиќ во Скопје.

Ова ќе биде трет солистички концерт на Теа Таировиќ во Македонија, а втор во спортскиот центар „Борис Трајковски“, што уште еднаш ја потврдува нејзината огромна популарност кај македонската публика.

Реклама

Со најави за спектакл, изненадувања и нови песни, Теа уште еднаш докажа дека е подготвена да ја освои публиката со страст, енергија и музика што ја поврзува цела регија.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама

Шоу Биз

Со емоции и почит – Александар Јосифовски со ковер на „Кому да запеам“

Објавено

на

Од

Со огромна почит кон македонската музичка традиција и длабока емоција, Александар Јосифовски кој го освои регионот по учеството во Ѕвездите на Гранд, каде го освои високото второ место, на својот Фејсбук профил ни го претстави својот најнов музички проект – ковер верзија на легендарната песна „Кому да запеам“, првично изведена од незаборавниот Благоја Грујовски.

Јосифовски не крие дека станува збор за една од неговите најомилени композиции, песна која, како што вели, не е само музика, туку вистинско сведоштво за едно време, една генерација и емоции што не стареат. Токму затоа, овој проект е замислен како искрен омаж за човекот и делото што оставиле длабока трага во македонската музичка историја.

Авторскиот тим зад ова безвременско музичко дело е составен од големи имиња: текстот е дело на велемајсторот Огнен Неделковски, музиката ја потпишува легендарниот музички творец Григор Копров, додека аранжманот е на музичкиот великан Дамир Имери. Комбинацијата на нивниот талент создаде песна која и денес, со ист интензитет, допира до срцата на слушателите.

Со својата интерпретација, Александар Јосифовски се обидува да ја пренесе истата тежина и убавина што ја носи оваа легендарна композиција, притоа внесувајќи личен печат и современа сензибилност, но без да ја наруши нејзината автентичност.

Реклама

„За Благоја. За времето што го одбележа. За песните што живеат засекогаш“, порачува Јосифовски, потврдувајќи дека вистинската музика нема рок на траење, туку продолжува да живее низ нови гласови и нови генерации.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ