Шоу Биз
Што се крие зад разидувањето на Марија Шерифовиќ и Саша Мирковиќ по Евровизија? Тоше беше разочаран
Во најновата епизода на Б Поткаст со Бојан Јовановски, гостуваше музичкиот менаџер и директор на Hype TV, Саша Мирковиќ, кој откри детали од периодот на својата соработка со Марија Шерифовиќ.

Мирковиќ раскажа дека нивната соработка завршила по две ситуации кои, како што вели, биле поттикнати од мајката на Марија.
„Имавме договорен дует со Тоше Проески, песната беше подготвена и сè беше договорено. Но, мајката на Марија го оспори дуетот и од тоа ништо не стана,“ рече Мирковиќ во поткастот.

Втората причина, според него, била откажувањето на гостувањето на концертот на Тоше Проески што се одржа на 5 октомври 2007 година на Градскиот стадион во Скопје — концерт што подоцна се покажа како негов последен.
„Марија требаше да биде гостинка на концертот, сè беше договорено и најавено. Но, мајка ѝ реагирала со зборовите: ‘Што ќе ти е сега Тоше Проески, па ти да бидеш негов гостин, ти си евровизиска ѕвезда’. Потоа Марија го откажа настапот. Тоше беше многу погоден и разочаран,“ изјави Мирковиќ.
Тој додаде дека по трагичната смрт на Тоше, Марија му се јавила да го праша дали ќе одат на комеморацијата, но Мирковиќ ѝ одговорил кратко:
„Само ѝ реков — срам да ти е — и ѝ спуштив телефон,“ откри тој.
Неговата искрена исповед предизвика голем интерес кај јавноста, особено поради тоа што ова е првпат некој јавно да открие детали кои не и се познати на јавноста.
Шоу Биз
Сека Алексиќ и Раста на иста сцена во Арена „Јане Сандански“
Скопје на 14 март 2026 година ќе биде центар на регионалната музичка сцена. Во сабота, во Арена „Јане Сандански“, публиката ќе има можност да присуствува на вистински музички спектакл на кој за првпат на иста сцена ќе настапат две големи ѕвезди – Сека Алексиќ и Раста.
Организаторите најавуваат вечер исполнета со врвна продукција, моќен звук и светлосно шоу, како и сет-листи составени од најголемите хитови на двајцата артисти. Концертот ветува спој на силни емоции, балади и препознатливата енергија на Сека Алексиќ, надополнети со урбаниот ритам и модерниот музички израз на Раста.
Овој музички настан се очекува да привлече илјадници посетители од земјава и регионот, кои ќе ја наполнат арената и ќе создадат атмосфера што долго ќе се памети. Комбинацијата на две различни, но подеднакво моќни музички естетики, според најавите, ќе понуди уникатно концертно доживување за сите генерации.
Влезниците наскоро ќе бидат пуштени во продажба преку платформите www.vleznica.mk, www.karti.com.mk и www.ticketx.com.mk.
14 март 2026 – датум што љубителите на добрата музика веќе го заокружуваат во своите календари.
-
Шоу Бизпред 2 неделиСека Алексиќ и Раста на иста сцена во Арена „Јане Сандански“
-
Народнапред 2 месециВладимир Поповски ја оживеа „Непокорни Македонци“ – песна што зборува во името на народот
-
Шоу Бизпред 4 месеци„Аска 2“ доаѓа на 2 декември – нов музички бум од Теа Таировиќ
-
Шоу Бизпред 1 месецАлександар Митевски и хорот „Фрида“ со музички спомен за Фросина Кулавкова
-
Народнапред 2 месециЛени Партикова со прес-конференција го најави концертот и новиот албум „Горда сум Македонка“
-
Шоу Бизпред 2 месециСо емоции и почит – Александар Јосифовски со ковер на „Кому да запеам“
-
Шоу Бизпред 3 месециРадио Зона М1 во блесок и сјај го одбележа својот 32-ри роденден – ноќ исполнета со музика, емоции и вистински гламур
-
Шоу Бизпред 3 месециНова кавер-приказна од младиот вокал Никола Милосковски – Емотивната балада „Лутка“ доби нова душа
