Поврзете се со нас

ЗАБАВНА

Марија Спасовска со нова песна „Забрането“ – младата ѕвезда што ја освежува македонската музичка сцена

Објавено

на

Толку млада, а веќе со богато музичко портфолио зад себе — Марија Спасовска со право се смета за едно од најперспективните имиња на новата македонска музичка сцена. Поп-пејачка, текстописец и композитор, Марија со својата искреност и талент успеа да го освои срцето на публиката, а нејзините настапи се секогаш дочекани со воодушевување.

На сцената се појавила уште на само четири години, на детскиот фестивал „Поточиња“ со песната „Моето Кукле“. До својата 12-та година веќе има издадено ЦД со седум детски песни, а зад себе има бројни настапи и награди на фестивали во земјава и во странство — меѓу кои и трето место на фестивалот „Славјански базар“ во Витебск, со изведбата на „Црно и бело“.

Публиката пoвторно ја гледа на Детската Евровизија во 2018 година во Минск, Белорусија, каде што ја претстави Македонија со песната „Дома“, освојувајќи го 12. место. Тој настап беше само почеток на нејзиниот професионален пат.

Марија се прослави и со учеството во мјузиклот „Тајно моја“, посветен на Тоше Проески, каде покажа дека покрај пејачка е и одлична сценска уметница. Потоа нејзиното учество во проектот „Македонија во срце те носиме“, каде ја препеа песната „Ој, Вардаре Македонски“, дополнително ја зацврсти нејзината позиција како млада амбасадорка на македонската музика.

Во последните неколку години, Марија трипати настапи на Макфест во Штип, секојпат со свои авторски песни. Дебитираше со „Омилен“, потоа во 2023 година ја изведе песната „Минато“, а оваа 2024 година повторно се врати со „Страв“ — композиција за која, како и претходно, самата е автор на текстот и музиката.

Паралелно со фестивалските настапи, Марија и годинава е дел од проектот „Македонијо, во срце те носиме“, каде ја интерпретира песната „Ја излези, стара мајко“.

Најновиот музички проект на Спасовска, песната „Забрането“, излезе во јавност само пред неколку дена и веќе бележи голема слушаност и позитивни реакции. Публиката ја пофали нејзината искреност, уникатен глас и современ пристап, а Марија повторно потврди дека е едно од највредните и најталентираните имиња на новата генерација македонски музичари.

Со секоја нова песна, Марија Спасовска не само што ја гради својата кариера, туку и придонесува кон создавање на нов, свеж звук во македонската поп-музика — звук кој ветува светла иднина за домашната сцена.

Реклама

Продолжи со читање
Реклама

ЗАБАВНА

Македонката Тина Русева триумфираше на „The Voice of Europe 2025“

Објавено

на

Од

Македонската пејачка Тина Русева оствари голем меѓународен успех освојувајќи го првото место на онлајн натпреварот „The Voice of Europe“. Родена во Струмица, Тина во изминатиот период го привлече вниманието на европската публика со својот моќен вокал, впечатлива сценска појава и исклучително емотивни интерпретации.

Русева претходно настапи на престижното музичко шоу „The Voice of Germany“, каде иако не ја освои главната титула, остави силен впечаток и беше препознаена како една од најоригиналните и најквалитетни кандидатки во целиот процес. Токму благодарение на тој настап, таа доби можност да ја претставува Германија на „The Voice of Europe“.

Натпреварот „The Voice of Europe“ се одвиваше преку социјалната мрежа Инстаграм, каде учесниците собираа поени од гласовите на публиката и од жири-комисија. Тина Русева доби најмногу гласови и од публиката и од жирито, а за само 24 часа собра над 40.000 лајкови, што претставува убедливо најголема поддршка меѓу финалистите.

По победата, Тина преку видео-обраќање им се заблагодари на сите кои ја поддржале:
„Ви благодарам многу, прво затоа што ме поддржавте, лајкувавте, коментиравте и што бевте тука. Исто така му благодарам на жирито што судеше фер. Она што можам да го кажам е – бидете тоа што сте, верувајте во себе, верувајте во процесот и успехот ќе ве следи“, порача Русева.

Реклама

Оваа победа претставува значаен чекор во кариерата на младата македонска пејачка и уште една потврда дека македонскиот талент има што да покаже и на европската сцена. Со својот автентичен стил, силна емоција и искрен пристап кон музиката, Тина Русева успеа да ги освои срцата на публиката и жирито и да го запише своето име меѓу најуспешните учесници на „The Voice“ франшизата.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ