Поврзете се со нас

Шоу Биз

Скопски џез фестивал – Од 16 до 19 октомври, Скопје повторно ќе живее во ритамот на џезот

Објавено

на

Од 16 до 19 октомври во Скопје ќе се одржи 44-то издание на Скопскиот џез фестивал, еден од најзначајните културни настани во Македонија, кој со својата традиција и извонредна репутација веќе одамна е впишан меѓу водечките џез фестивали во Европа.

Фестивалот започна во 1982 година и во својата историја го претстави врвот на американскиот и европскиот џез, латино-американската и африканската музика, како и најдобрите македонски музичари. Како член на престижната асоцијација Europe Jazz Network, Скопскиот џез фестивал продолжува да гради интернационален углед и да привлекува светски имиња.

Отворање со Националниот џез оркестар

Фестивалот свечено ќе биде отворен на 16 октомври во Националната опера и балет со настап на Националниот џез оркестар, кој премиерно се претставува на оваа сцена. За оваа специјална прилика, ќе им се придружат ексклузивните гости – диригентот и аранжер Sigi Feigl и реномираниот тромбонист Luis Bonilla. Истата вечер ќе настапи и Andrzej Jagodzinski Trio.

Програма

  • 17 октомври | НОБ
    • Marc Ribot
    • Kahil El’Zabar Ethnic Heritage Ensemble
  • 18 октомври | НОБ
    • Goran Kajfeš Tropiques
    • After the Wildfire Quartet
  • 19 октомври | НОБ
    • Wadada Leo Smith & Sylvie Courvoisier Duo
    • James Brandon Lewis Quartet

Дополнително, во МКЦ – Кино Фросина ќе се одржи и специјална филмска програма Jazz Cinema (15 и 18 октомври), со прикажување на документарните филмови Sun Ra: Do the Impossible и We Want the Funk!

Со внимателно селектирана програма, која ги спојува легендарните џез музичари и новите генерации, 44. Скопски џез фестивал уште еднаш го потврдува својот статус на фестивал кој создава мостови меѓу културите и ја негува уметноста на импровизацијата.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама

Шоу Биз

Со емоции и почит – Александар Јосифовски со ковер на „Кому да запеам“

Објавено

на

Од

Со огромна почит кон македонската музичка традиција и длабока емоција, Александар Јосифовски кој го освои регионот по учеството во Ѕвездите на Гранд, каде го освои високото второ место, на својот Фејсбук профил ни го претстави својот најнов музички проект – ковер верзија на легендарната песна „Кому да запеам“, првично изведена од незаборавниот Благоја Грујовски.

Јосифовски не крие дека станува збор за една од неговите најомилени композиции, песна која, како што вели, не е само музика, туку вистинско сведоштво за едно време, една генерација и емоции што не стареат. Токму затоа, овој проект е замислен како искрен омаж за човекот и делото што оставиле длабока трага во македонската музичка историја.

Авторскиот тим зад ова безвременско музичко дело е составен од големи имиња: текстот е дело на велемајсторот Огнен Неделковски, музиката ја потпишува легендарниот музички творец Григор Копров, додека аранжманот е на музичкиот великан Дамир Имери. Комбинацијата на нивниот талент создаде песна која и денес, со ист интензитет, допира до срцата на слушателите.

Со својата интерпретација, Александар Јосифовски се обидува да ја пренесе истата тежина и убавина што ја носи оваа легендарна композиција, притоа внесувајќи личен печат и современа сензибилност, но без да ја наруши нејзината автентичност.

Реклама

„За Благоја. За времето што го одбележа. За песните што живеат засекогаш“, порачува Јосифовски, потврдувајќи дека вистинската музика нема рок на траење, туку продолжува да живее низ нови гласови и нови генерации.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ