Поврзете се со нас

Шоу Биз

Скопски џез фестивал – Од 16 до 19 октомври, Скопје повторно ќе живее во ритамот на џезот

Објавено

на

Од 16 до 19 октомври во Скопје ќе се одржи 44-то издание на Скопскиот џез фестивал, еден од најзначајните културни настани во Македонија, кој со својата традиција и извонредна репутација веќе одамна е впишан меѓу водечките џез фестивали во Европа.

Фестивалот започна во 1982 година и во својата историја го претстави врвот на американскиот и европскиот џез, латино-американската и африканската музика, како и најдобрите македонски музичари. Како член на престижната асоцијација Europe Jazz Network, Скопскиот џез фестивал продолжува да гради интернационален углед и да привлекува светски имиња.

Отворање со Националниот џез оркестар

Фестивалот свечено ќе биде отворен на 16 октомври во Националната опера и балет со настап на Националниот џез оркестар, кој премиерно се претставува на оваа сцена. За оваа специјална прилика, ќе им се придружат ексклузивните гости – диригентот и аранжер Sigi Feigl и реномираниот тромбонист Luis Bonilla. Истата вечер ќе настапи и Andrzej Jagodzinski Trio.

Програма

  • 17 октомври | НОБ
    • Marc Ribot
    • Kahil El’Zabar Ethnic Heritage Ensemble
  • 18 октомври | НОБ
    • Goran Kajfeš Tropiques
    • After the Wildfire Quartet
  • 19 октомври | НОБ
    • Wadada Leo Smith & Sylvie Courvoisier Duo
    • James Brandon Lewis Quartet

Дополнително, во МКЦ – Кино Фросина ќе се одржи и специјална филмска програма Jazz Cinema (15 и 18 октомври), со прикажување на документарните филмови Sun Ra: Do the Impossible и We Want the Funk!

Со внимателно селектирана програма, која ги спојува легендарните џез музичари и новите генерации, 44. Скопски џез фестивал уште еднаш го потврдува својот статус на фестивал кој создава мостови меѓу културите и ја негува уметноста на импровизацијата.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама

Шоу Биз

Мала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!

Објавено

на

Од

Само осум години, а веќе со настапи, награди и публика која ја препознава, младата Ива Пауновиќ полека, но сигурно го пробива својот пат низ музичкиот свет и го најавува своето име како едно од најперспективните на домашната сцена.


Родена во 2018 година, Ива уште од својата шеста година започнува со часови по соло пеење под менторство на Денис Димоски во приватното музичко училиште „Матрикс“, каде што нејзиниот талент брзо доаѓа до израз.

Нејзиниот прв голем исчекор на сцена се случува во 2025 година, кога на натпреварот WAF Contens одржан во хотел Three by Hilton го освојува високото второ место во својата категорија. Истата година, Ива блеска и на фестивалот Езерски бисери, каде што повторно се закитува со награда, овојпат трето место.

Не застанува тука. Во 2026 година повторно се враќа на сцената на WAF Contens, каде што уште еднаш го потврдува својот квалитет освојувајќи трето место во својата категорија.

Еден од најемотивните моменти во нејзината досегашна кариера е настапот како најмала гостинка на концерт посветен на легендарниот Тоше Проески, во средното музичко училиште Илија Николовски Луј каде што со многу чувства ја изведува безвременската „Полско цвеќе“ – настап кој никого не остави рамнодушен.

Ива веќе зад себе има и свои музички проекти. Нејзиниот прв кавер е од песната „Оро“ на Јелена Томашевиќ, додека заедно со својот ментор го снима и вториот кавер, дуетската „Немир“ од Тоше Проески и Каролина Гочева. Овој проект веќе собира бројни прегледи и позитивни реакции, што е јасен знак дека публиката ја препознава нејзината искреност и талент.

Со природна харизма, силна емоција и исклучителен вокал за својата возраст, Ива Пауновиќ е доказ дека големите ѕвезди се препознаваат рано, потребна им е само сцена и поддршка.

Реклама

А судејќи по нејзиниот досегашен пат, ова е само почеток.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ