Поврзете се со нас

Шоу Биз

По само неколку дена, „Јанка Гоцева“ на Мелани Тарчуловска ја освои публиката

Објавено

на

Само по неколку дена од премиерата, новата песна на Мелани Тарчуловска доживеа голем успех и топло беше прифатена од публиката. „Јанка Гоцева“ веднаш ги освои срцата на слушателите, кои со емоции и восхит ја прегрнаа оваа искрена и болна музичка приказна.

Мелани, која несомнено тргна по стапките на својата мајка – познатата пејачка Соња Тарчуловска, со овој проект уште еднаш потврди дека младоста и талентот можат да создадат уметност што ќе остане да живее. Нејзината нова песна „Јанка Гоцева“ е вистински бисер во музичката ризница, дело кое буди најдлабоки емоции и нè потсетува на непрежалената љубов на големиот револуционер Гоце Делчев и неговата сакана Јанка.


Со нежност, болка и искреност во интерпретацијата, Мелани успева да ја долови приказната за една љубов прекината со трагична судбина. Секоја нота, секој стих во „Јанка Гоцева“ е обоен со копнеж и тага, како одек на незапишаните писма и некажаните зборови кои останале меѓу два млади живота.


Она што оваа песна ја прави посебна е моќта да ја пренесе тагата на генерации, но и гордоста за еден живот посветен на слободата. Публиката тоа веднаш го препозна, па така, само за неколку дена по премиерата, песната доживеа огромен успех. Коментарите се преполни со восхит, за што сведочат коментарите на слушателите.

Особен впечаток остава и видео-спотот, снимен на прекрасниот предел над езерото Козјак. Величествената природа таму дополнително ја нагласува емоцијата на песната, создавајќи сцени што одземаат здив и ја носат приказната на уште повисоко уметничко ниво.

Мелани уште еднаш потврдува дека талентот не е случајност и дека успешно може да плива и во народниот мелос, стил кој е различен од нејзините предходни песни кои беа со по модерен ритам. Наследувајќи ја емоцијата и моќниот израз на својата мајка, таа влева нов живот во традицијата, носејќи свежина и младешка енергија во современата македонска музика.

„Јанка Гоцева“ не е само песна, таа е музички споменик, омаж на една љубовна приказна која останала вечна, и на еден јунак чие дело засекогаш ќе гори во македонската душа. Со ова дело, Мелани Тарчуловска го зацврсти своето место на сцената и покажа дека иднината на македонската песна е во сигурни раце.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

ПРВАТА ПЕСНА Е ТУКА – ДЕЈАН СТЕВАНОВ СО „МАГИЧЕН КРУГ“ ЗАПОЧНУВА НОВО МУЗИЧКО ПОГЛАВЈЕ

Објавено

на

Од

На македонската музичка сцена пристигнува нова музичка приказна! Дејан Стеванов денеска премиерно го претставува своето музичко првенче, песната „Магичен круг“, со која го прави првиот официјален чекор кон поширока музичка афирмација. Песната промотивно денеска се пушта во етерот на Радио Зона М1, од каде што започнува нејзиниот пат до слушателите и љубителите на добрата музика.

Станува збор за песна зад која застанува проверена авторска и продукциска екипа. Музиката и текстот се дело на Баже Темелков, аранжманот и продукцијата ги потпишува Саше Младеновски, додека со својот пратечки вокал песната ја збогатува Емилија Иванова. „Магичен круг“ е снимена во студиото на Саше Младеновски, каде што е создадена и финалната звучна приказна на оваа композиција.

Инаку, Дејан Стеванов не е непознат за публиката кога станува збор за живите настапи. Активно настапува по клубови, кафани и на приватни прослави, каде што со својата енергија, музика и непосредна комуникација со публиката знае да направи одлична атмосфера и незаборавни забави.

Со „Магичен круг“ Дејан сега прави чекор повеќе, од настапите во живо кон сопствена музичка приказна, оставајќи го својот прв авторски музички печат.

Реклама
Во Твоја Зона

Секој почеток носи посебна возбуда, но и можност за нови успеси. За Дејан Стеванов ова е почеток на едно ново музичко поглавје, а останува да видиме колку брзо „Магичен круг“ ќе го освои патот до срцата на слушателите.

Со „Магичен круг“ Дејан Стеванов не само што го потврдува своето музичко присуство на музичката сцена, туку испраќа јасна порака дека е подготвен за нови предизвици, нови настапи и освојување на публиката и со сопствена музика. Првото музичко првенче е тука, а амбициите се насочени кон многу повеќе од еден музички почеток!

Публиката што веќе го познава од неговите настапи сега има можност да го запознае и преку неговата прва песна. А кој знае, можеби токму „Магичен круг“ ќе биде композицијата со која името на Дејан Стеванов сè почесто ќе се слуша на музичките фреквенции и насекаде каде што се бара добра песна и вистинска забава!

Реклама
Во Твоја Зона

Слушнете ја, запознајте ја и поддржете ја новата музичка приказна на Дејан Стеванов! „Магичен круг“ денеска премиерно во етерот на Радио Зона М1 затоа што секоја голема музичка приказна започнува со една прва песна!

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ