Поврзете се со нас

Шоу Биз

Фестивал на питата и виното – Питијада 2025 во Велес со програма за сите генерации

Објавено

на

Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2025“ оваа година ќе се одржи по 13-ти пат, во периодот од 10 до 12 октомври на добро познатата локација – просторот пред кафетериите на улица „Благој Ѓорев“ во Велес. Тридневната манифестација која веќе одамна ја надмина локалната рамка, и оваа година носи богата културно-забавна програма за сите генерации, под мотото „Традиција на вкусна хармонија“.

Програма по денови

Петок, 10 октомври
Почетокот е резервиран за најмладите – другарчињата од ОЈУДГ „Димче Мирчев“, а веднаш потоа ќе биде исечена џиновската пита која секоја година руши рекорди. На бината први ќе настапат велешаните Група Соната и специјалниот гостин Перо Христов, по што следуваат добро познатите 2 Бона, Куку Леле и македонската дива Калиопи, која ќе ја заокружи првата фестивалска вечер.

Сабота, 11 октомври
Дневната програма започнува во 12 часот со забавата за децата и нивните омилени маскоти Стела и Сани. Вечерта ќе донесе многу музика и добра енергија со настапите на Кате и Ѓоко Ѓорчев, Пајак, Мики Секуловски, а големото финале на втората вечер ќе биде со балканската ѕвезда Северина.

Недела, 12 октомври
Фестивалското финале ќе започне со програмата за најмладите од „Златно славејче“ на пладне, а вечерта ќе ја одбележат настапите на Анета Љумаковска, Либеро Бенд и Викторија Лоба. Специјалните гости Бајага и Инструктори ќе го затворат овогодинешното издание на Питијадата, оставајќи силен музички печат и незаборавна атмосфера.

Водител на фестивалот

И оваа година, низ тридневната манифестација ќе нè води актерот и стенд-ап артист, велешанецот Стефан Николовски, кој веќе е традиционален дел од Питијада.

Порака до посетителите

Фестивалот на велешка пита и вино е настан кој обединува вкусна храна, квалитетно македонско вино и врвна музика – по вкус на сите генерации. „Сите патишта водат кон Велес – ве очекуваме!“

Питијада 2025 – вкусот на традицијата, хармонијата на музиката и духот на Велес!

Реклама
Продолжи со читање
Реклама

Народна

КАФАНСКА НОЌ ВО СКОПЈЕ – ТРОЈЦА БАЛКАНСКИ ВЕЛИКАНИ ЌЕ ЈА ЗАПАЛАТ АРЕНАТА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“!

Објавено

на

Од

По грандиозниот настап во сараевската „Скендерија“, каде публиката уживаше во незаборавна вечер преполна со емоции и добар кафански дух, Хајп продукција ја продолжува својата голема турнеја низ регионот. Следната дестинација е токму Скопје. Аца Лукас, Мира Шкориќ и Мирослав Илиќ ќе ги обединат своите сили и ќе ѝ подарат на македонската публика вистинска „Кафанска ноќ“ за паметење!

Настанот кој ветува исклучителна забава и атмосфера исполнета со најголемите хитови ќе се одржи на 20 декември 2025 година, во Арената „Јане Сандански“, со почеток во 20:00 часот,а според најавата на продукцијата ќе трае 5 – 6 часа.

Публиката ќе има можност да ужива во вечни песни, добро познати рефрени и енергија каква само овие тројца легендарни изведувачи знаат да понудат. Организаторите најавуваат дека вечерта ќе биде дополнително збогатена со специјални гости изненадување, гости од Македонија кои ќе придонесат за уште поголема еуфорија и вистински балкански музички спектакл.

Со оглед на искуството од Сараево, каде салата беше исполнета до последното место, не се сомневаме дека и скопската „Кафанска ноќ“ ќе биде една од најочекуваните музички вечери оваа зима.

Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ