Шоу Биз
Јордан Митев стана татко, а што прави дел од македонската естрада
Македонската музичка сцена е жива и полна со активности – познатите изведувачи низ земјава и надвор од неа продолжуваат со концерти, нови проекти и убави вести. Ајде да видиме каде се и што прават дел од македонската естрада.
Еден од најголемите актуелни настани е проектот „Македонијо во срце те носиме“, кој го обедини врвот на македонската естрада. Наум Петрески, Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, Спасен Сиљаноски, Миле Кузмановски, Огнен Здравковски, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Ламбе Алабаковски, Мина Блажев, Марија Спасовска и Александар Тарабунов веќе неколку недели одржуваат концерти низ целата држава. Последниот настап беше во Прилеп, каде што публиката им приреди овации за концертот исполнет со патриотски и народни ноти.

Меѓу најинтересните моменти беше и „заобиколената“ најава на Наум Петрески дека работи на нов материјал – дали станува збор за целосен албум или само нова песна, останува да видиме.

Во меѓувреме, Влатко Миладиновски најави австралиска турнеја заедно со брат му Златко и колегата Дамјан Стојановски, што ќе биде вистинска музичка атракција за нашата дијаспора.

Анета Љумаковска, пак, по своето гостување на Радио телевизија Србија по повод одбележувањето на 90 години постоење, каде што изведе неколку македонски народни песни, се подготвува за настап на традиционалната Велешка питијада на 12 октомври.

Исто така, Стојне Николова веќе најави нови проекти, оставајќи ја јавноста во исчекување за следните изненадувања на сцената.

За една од најубавите вести се погрижи Јордан Митев, кому на Крстовден му се роди син, кому му го даде името Кристијан.

Очигледно е дека македонските пејачи не мируваат – со концерти, нови песни, турнеи и лични радости, тие уште еднаш потврдуваат дека ја носат музиката во срцето и сакаат свите професионални и природни радости да ги споделуваат со својата публика.
Шоу Биз
Сека Алексиќ и Раста на иста сцена во Арена „Јане Сандански“
Скопје на 14 март 2026 година ќе биде центар на регионалната музичка сцена. Во сабота, во Арена „Јане Сандански“, публиката ќе има можност да присуствува на вистински музички спектакл на кој за првпат на иста сцена ќе настапат две големи ѕвезди – Сека Алексиќ и Раста.
Организаторите најавуваат вечер исполнета со врвна продукција, моќен звук и светлосно шоу, како и сет-листи составени од најголемите хитови на двајцата артисти. Концертот ветува спој на силни емоции, балади и препознатливата енергија на Сека Алексиќ, надополнети со урбаниот ритам и модерниот музички израз на Раста.
Овој музички настан се очекува да привлече илјадници посетители од земјава и регионот, кои ќе ја наполнат арената и ќе создадат атмосфера што долго ќе се памети. Комбинацијата на две различни, но подеднакво моќни музички естетики, според најавите, ќе понуди уникатно концертно доживување за сите генерации.
Влезниците наскоро ќе бидат пуштени во продажба преку платформите www.vleznica.mk, www.karti.com.mk и www.ticketx.com.mk.
14 март 2026 – датум што љубителите на добрата музика веќе го заокружуваат во своите календари.
-
Шоу Бизпред 2 неделиСека Алексиќ и Раста на иста сцена во Арена „Јане Сандански“
-
Народнапред 2 месециВладимир Поповски ја оживеа „Непокорни Македонци“ – песна што зборува во името на народот
-
Шоу Бизпред 4 месеци„Аска 2“ доаѓа на 2 декември – нов музички бум од Теа Таировиќ
-
Шоу Бизпред 1 месецАлександар Митевски и хорот „Фрида“ со музички спомен за Фросина Кулавкова
-
Народнапред 2 месециЛени Партикова со прес-конференција го најави концертот и новиот албум „Горда сум Македонка“
-
Шоу Бизпред 2 месециСо емоции и почит – Александар Јосифовски со ковер на „Кому да запеам“
-
Шоу Бизпред 3 месециРадио Зона М1 во блесок и сјај го одбележа својот 32-ри роденден – ноќ исполнета со музика, емоции и вистински гламур
-
Шоу Бизпред 3 месециНова кавер-приказна од младиот вокал Никола Милосковски – Емотивната балада „Лутка“ доби нова душа
