Поврзете се со нас

ЗАБАВНА

После 42 години „Меморија“ првпат во клуб – оваа сабота во Скопје!

Објавено

на

Да, добро прочитавте! Легендарната македонска поп-рок група „Меморија“ по цели 42 години конечно ќе одржи своја прва клубска свирка. Настанот кој веќе предизвикува огромен интерес е закажан за сабота, 27 септември 2025 година, во скопскиот ноќен клуб „Интермецо“.

Иако сме навикнати „Меморија“ да ги полни најголемите сали и спортски арени низ Македонија, овој пат Перо Камиказа и бендот избраа да ѝ подарат на публиката сосема поинакво доживување – блиска, топла и енергична свирка, лице в лице со најверните фанови.

Атмосферата во вакви простори е секогаш посебна: директна интеракција, моментална размена на енергија и чувство кое ретко може да се спореди со масовните концерти. Затоа и не е изненадување што интересот е огромен, а „Интермецо“ во сабота се очекува да биде преполн.

Едно е сигурно – со „Меморија“ забавата е загарантирана. Доколку сакате да бидете дел од ова интимно музичко патување кое влегува во историјата на бендот, обезбедете си билет навреме – инаку ризикувате да ја слушате свирката однадвор!

Реклама
Продолжи со читање
Реклама

ЗАБАВНА

Ретро спектакл во Скопје – „Forever Young 2025“

Објавено

на

Од

На 28 ноември (петок), во модерниот Event Expo Center кај новата железничка станица, скопјани ќе имаат можност да уживаат во незаборавна ретро журка насловена „Forever Young 2025“ – настан посветен на генерациите кои пораснаа, но никогаш не престанаа да бидат млади во душата.

Настанот е замислен како враќање во времето кога владееја диско ритмовите, кога танцувањето беше стил на живот, а забавата траеше до раните утрински часови. „Forever Young 2025“ ќе биде вечер исполнета со музички хитови од 70-тите, 80-тите и 90-тите, со многу светла, енергија и носталгија.

Организатор на журката е познатиот музички и моден менаџер Милорад Цаиќ – Цајо, човек кој со децении стои зад многу музички проекти и забави во регионот, гарантирајќи автентична атмосфера и врвно искуство.

Картите се веќе во продажба преку:

Реклама
  • kupikarta.com
  • продажната мрежа на Розе Веро 2
  • Литература.мк
  • Агенција ЈК Травел

Организаторите најавуваат ретро вечер која ќе ве врати во времето на младоста, во времето на безгрижните излегувања, вистинската музика и незаборавните моменти.

Подгответе се за носталгија и вистинска диско забава, да блеснеме повторно во ретро ритам.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ