Шоу Биз
Ѕвездите на Гранд се далеку, но срцето на Александар Стевановски сеуште пее преку стихови
Се сеќавате ли на едно амбициозно младо момче кое имаше желба да ги освои ѕвездите. Некогашен натпреварувач на „Ѕвездите на Гранд“, а денес автор на емотивни песни и животни приказни. Што прави и каде е денес Александар Стевановски, момчето кое од мали нозе ја носи музиката во своето срце.

Александар првпат ја освои јавноста со својот настап на популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Со својата желба да ја освои публиката и жирито, тоа младо момче, тогаш, направи едно вистинско и интересно шоу кое долго време се раскажуваше наоколу. Можеби тоа беше успешно сценарио со кое го привлече вниманието на себе.

Иако желбата за пеење беше негова голема љубов, поради проблеми со гласот, тој мораше да ја напушти сцената како пејач. Сепак, тоа не го спречи да остане дел од музичкиот свет, само што патот го одведе во друга насока.

Денес Александар пишува текстови за песни, и тоа навистина успешни. Некои од песните на кои е автор/текстописец се:
- „Патник без адреса“ – емотивен стих за лични моменти и љубовни приказни
- „Солзи нека течат“ – песна која ја носи неговата искреност и животни емоции.
- „Прелетај соколе“ – композиција инспирирана од народни мотиви, но со современ личен печат.
- „Стојне мома на чорбаџи Стојана“ и „Решив дома да се вратам“ – дела кои ја покажуваат неговата способност да пренесе приказна низ текст. Следуваат и
- За Велигден, За четири наши дечиња, Ергени се збрале, Решив дома да се вратам и уште многу други.

Неговите стихови се силни, емотивни и носат печат на личното искуство, затоа и лесно допираат до публиката. Македонската естрада веќе препознава дека зад сцената стои автор кој има што да каже, а веќе почнува да ја освојува и естрадата надвор од Македонија, почнува со ситни чекори, да зачекорува и низ просторите на бивша Југославија.

Иако моментално живее и работи во Германија, Александар останува силно поврзан со татковината. Неговите текстови често се инспирирани од животот дома, од спомените и од емоциите кои сака да ги овековечи.
Покрај песните, Александар пишува и кратки животни раскази. Тие се интимни, инспирирани од сопствените искуства и моменти кои сака да ги претвори во зборови. Неговата голема желба е еден ден тие раскази да бидат собрани и објавени во книга, како еден вид личен печат и трајно сведоштво за животот низ неговите очи.

Александар Стевановски е доказ дека музиката и уметноста не завршуваат со еден настап или една кариера. И кога судбината ќе ја смени насоката и патиштата, вистинската љубов секогаш наоѓа пат. Кај него, тоа е патот на зборовите – во песни, во раскази и во идеи кои еден ден ќе ги собере меѓу корици на книга.
Шоу Биз
Сека Алексиќ и Раста на иста сцена во Арена „Јане Сандански“
Скопје на 14 март 2026 година ќе биде центар на регионалната музичка сцена. Во сабота, во Арена „Јане Сандански“, публиката ќе има можност да присуствува на вистински музички спектакл на кој за првпат на иста сцена ќе настапат две големи ѕвезди – Сека Алексиќ и Раста.
Организаторите најавуваат вечер исполнета со врвна продукција, моќен звук и светлосно шоу, како и сет-листи составени од најголемите хитови на двајцата артисти. Концертот ветува спој на силни емоции, балади и препознатливата енергија на Сека Алексиќ, надополнети со урбаниот ритам и модерниот музички израз на Раста.
Овој музички настан се очекува да привлече илјадници посетители од земјава и регионот, кои ќе ја наполнат арената и ќе создадат атмосфера што долго ќе се памети. Комбинацијата на две различни, но подеднакво моќни музички естетики, според најавите, ќе понуди уникатно концертно доживување за сите генерации.
Влезниците наскоро ќе бидат пуштени во продажба преку платформите www.vleznica.mk, www.karti.com.mk и www.ticketx.com.mk.
14 март 2026 – датум што љубителите на добрата музика веќе го заокружуваат во своите календари.
-
Шоу Бизпред 2 неделиСека Алексиќ и Раста на иста сцена во Арена „Јане Сандански“
-
Народнапред 2 месециВладимир Поповски ја оживеа „Непокорни Македонци“ – песна што зборува во името на народот
-
Шоу Бизпред 4 месеци„Аска 2“ доаѓа на 2 декември – нов музички бум од Теа Таировиќ
-
Шоу Бизпред 1 месецАлександар Митевски и хорот „Фрида“ со музички спомен за Фросина Кулавкова
-
Народнапред 2 месециЛени Партикова со прес-конференција го најави концертот и новиот албум „Горда сум Македонка“
-
Шоу Бизпред 2 месециСо емоции и почит – Александар Јосифовски со ковер на „Кому да запеам“
-
Шоу Бизпред 3 месециРадио Зона М1 во блесок и сјај го одбележа својот 32-ри роденден – ноќ исполнета со музика, емоции и вистински гламур
-
Шоу Бизпред 3 месециНова кавер-приказна од младиот вокал Никола Милосковски – Емотивната балада „Лутка“ доби нова душа
