Шоу Биз
Заврши 32-то издание на „Охрид фест – Охридски трубадури“ две вечери исполнети со музика, емоции и награди
На 29 и 30 август, на сцената на „Долни Сарај“ во Охрид, се одржа 32-то издание на фестивалот „Охрид фест – Охридски трубадури“. Настанот традиционално започна со видео разгледница за Охрид, која ја следат гледачи од повеќе балкански земји. „Оваа разгледница е особено значајна за мене, како роден охриѓанец“, истакна уметничкиот директор на фестивалот, Григор Копров.
Фестивалот и оваа година се одржа во две вечери:
- Фолк вечерта – на 29 август, со водителка Ирена Спировска.
- Интернационалната поп вечер – на 30 август, со водителка Марјана Станојковска.

Добитници и специјални признанија
Во текот на фестивалот беа доделени бројни награди. Специјално признание за безвременски хит доби Оливер Мандиќ за легендарната песна „Питају ме питају“. Познатиот менаџер од Сараево, Рака Мариќ, кој зад себе има организација на концерти на најголемите светски ѕвезди, беше награден за особен менаџерски придонес, како и за „Најдобар менаџер на екс-ЈУ простори“.


Победнички композиции
Песната „Соња“ на Мишко Крстевски и „Ти миришеш на љубав“ на словенечкиот претставник Ангело се прогласени за победници на годинашното издание.

Гости и настапи
На сцената настапија реномирани и млади изведувачи од Македонија и регионот, меѓу кои Агни Авшар, Горан Наумовски, Тамара Волческа, Ана Петановска во дует со Дадо Топиќ, како и самиот Оливер Мандиќ. Гостин беше и српскиот евровизиски претставник Принц, а како ревијални изведувачи настапија Сузана Спасовска и Благоја Грујовски.

Особено внимание привлече изведбата на Ана Петановска и Дадо Топиќ со песната „Небо“, со која во јули победија на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват.
Наградени изведби и категории
- Најслушана песна помеѓу два фестивали: „Лага е“ – Мила Николовска-Ѓумар
- Најдобра интерпретација: Агни Авшар – „Прости ми сега“
- Најтрубадурска поп композиција: „Праве љубави“ – Маја Маринковиќ
- Најдобра поп композиција во балкански манир: „Навикла сам да ме лажу“ – Ана Станојевиќ
- Награда „Сенатор“ за најдобра аудио продукција: Студио „Тра Ла Ла“ – Мите Димовски и Давор Јордановски за „Прости ми сега“ – Агни Авшар
- Најдобар дебитант: Маша Вуковиќ – „Ти си моја љубав“
- Најдобар аранжман: Дарко Тасев за „Бело утро“ – Наталија Данаилова
- Најдобар текст: Наталија Преочанин – Самарџиќ за „Вера“ – Наташа Алимпиќ
- Награда од новинарите: Блаж Маротов и Златни Жици – „Борба на две суети“
- Најдобар сценски настап: Илија Јовчев – „Празник без тебе“
- Награда од публиката „Долни Сарај“: Ѓоле Боем – „Забуна“
Со ова издание, „Охрид фест – Охридски трубадури“ уште еднаш потврди дека претставува значајна музичка манифестација која обединува изведувачи, автори и публика од цел Балкан, оставајќи трага во регионалната музичка сцена.
Шоу Биз
Сека Алексиќ и Раста на иста сцена во Арена „Јане Сандански“
Скопје на 14 март 2026 година ќе биде центар на регионалната музичка сцена. Во сабота, во Арена „Јане Сандански“, публиката ќе има можност да присуствува на вистински музички спектакл на кој за првпат на иста сцена ќе настапат две големи ѕвезди – Сека Алексиќ и Раста.
Организаторите најавуваат вечер исполнета со врвна продукција, моќен звук и светлосно шоу, како и сет-листи составени од најголемите хитови на двајцата артисти. Концертот ветува спој на силни емоции, балади и препознатливата енергија на Сека Алексиќ, надополнети со урбаниот ритам и модерниот музички израз на Раста.
Овој музички настан се очекува да привлече илјадници посетители од земјава и регионот, кои ќе ја наполнат арената и ќе создадат атмосфера што долго ќе се памети. Комбинацијата на две различни, но подеднакво моќни музички естетики, според најавите, ќе понуди уникатно концертно доживување за сите генерации.
Влезниците наскоро ќе бидат пуштени во продажба преку платформите www.vleznica.mk, www.karti.com.mk и www.ticketx.com.mk.
14 март 2026 – датум што љубителите на добрата музика веќе го заокружуваат во своите календари.
-
Шоу Бизпред 2 неделиСека Алексиќ и Раста на иста сцена во Арена „Јане Сандански“
-
Народнапред 2 месециВладимир Поповски ја оживеа „Непокорни Македонци“ – песна што зборува во името на народот
-
Шоу Бизпред 4 месеци„Аска 2“ доаѓа на 2 декември – нов музички бум од Теа Таировиќ
-
Шоу Бизпред 1 месецАлександар Митевски и хорот „Фрида“ со музички спомен за Фросина Кулавкова
-
Народнапред 2 месециЛени Партикова со прес-конференција го најави концертот и новиот албум „Горда сум Македонка“
-
Шоу Бизпред 2 месециСо емоции и почит – Александар Јосифовски со ковер на „Кому да запеам“
-
Шоу Бизпред 3 месециРадио Зона М1 во блесок и сјај го одбележа својот 32-ри роденден – ноќ исполнета со музика, емоции и вистински гламур
-
Шоу Бизпред 3 месециНова кавер-приказна од младиот вокал Никола Милосковски – Емотивната балада „Лутка“ доби нова душа
