Поврзете се со нас

Шоу Биз

Настапот на Раде Младеновски на Тумба Фест го потврди неговиот подем на македонската сцена

Објавено

на

Раде Младеновски е едно од впечатливите имиња на македонската музичка сцена, која полека но сигурно, ја освојува сцената. Со својот препознатлив вокал, харизма и енергија, тој успева да ги освои клубските сцени, оставајќи зад себе публика што пее и слави заедно со него.

На неговиот репертоар се наоѓаат разновидни песни – од емотивни балади кои ја допираат душата, до разиграни хитови што го креваат темпераментот на секоја прослава. Токму таа комбинација на нежност и сила го прави Раде омилен и кај помладите и кај постарите генерации.

Овогодинешниот фестивал на шегобијни песни „Тумба Фест“ во Куманово беше сцена на која Младеновски повторно блесна. Со песната „Ракија“, чиј автор е познатиот Ристо Самарџиев, а аранжманот дело на Цане Петров, Раде го раздвижи целото Куманово. Настапот стана една од најкоментираните точки на фестивалот и уште една потврда дека овој пејач знае како да ја долови атмосферата и да ја пренесе енергијата до последниот ред во публиката.

Неговата дискографија се збогатува и со авторски нумери. Една од најпрепознатливите е „Три сина“, песна што го потврди неговиот стил и го зацементира како пејач кој умее да ги спои македонската традиција и модерниот звук.

Освен на фестивалските сцени, Раде често настапува во клубови ширум Македонија и на разновидни веселби, каде неговата блискост со публиката доаѓа до полн израз. Неговите настапи таму се препознатливи по интеракција со присутните, по смеење, шеги и спонтани моменти што секоја вечер ја прават уникатна. Публиката го обожава не само заради неговите нови хитови, туку и поради препеаните песни што се едни од најбараните на Радио Зона М1. Неговата способност да ги претвори и старите хитови во свежи, модерни изведби е она што го прави неприкосновен на сцената.

Со глас кој носи емоција, со сценска енергија што ретко се гледа и со публика што верно го следи, Раде Младеновски е еден од оние уметници за кои без двоумење може да се каже – најдоброто допрва доаѓа.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама

Шоу Биз

Со емоции и почит – Александар Јосифовски со ковер на „Кому да запеам“

Објавено

на

Од

Со огромна почит кон македонската музичка традиција и длабока емоција, Александар Јосифовски кој го освои регионот по учеството во Ѕвездите на Гранд, каде го освои високото второ место, на својот Фејсбук профил ни го претстави својот најнов музички проект – ковер верзија на легендарната песна „Кому да запеам“, првично изведена од незаборавниот Благоја Грујовски.

Јосифовски не крие дека станува збор за една од неговите најомилени композиции, песна која, како што вели, не е само музика, туку вистинско сведоштво за едно време, една генерација и емоции што не стареат. Токму затоа, овој проект е замислен како искрен омаж за човекот и делото што оставиле длабока трага во македонската музичка историја.

Авторскиот тим зад ова безвременско музичко дело е составен од големи имиња: текстот е дело на велемајсторот Огнен Неделковски, музиката ја потпишува легендарниот музички творец Григор Копров, додека аранжманот е на музичкиот великан Дамир Имери. Комбинацијата на нивниот талент создаде песна која и денес, со ист интензитет, допира до срцата на слушателите.

Со својата интерпретација, Александар Јосифовски се обидува да ја пренесе истата тежина и убавина што ја носи оваа легендарна композиција, притоа внесувајќи личен печат и современа сензибилност, но без да ја наруши нејзината автентичност.

Реклама

„За Благоја. За времето што го одбележа. За песните што живеат засекогаш“, порачува Јосифовски, потврдувајќи дека вистинската музика нема рок на траење, туку продолжува да живее низ нови гласови и нови генерации.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ