Шоу Биз
Лени Партикова – дваесет години на сцената и македонски културен амбасадор во Гуча и Грачаница
Минатата година за македонската оперска уметност и традиционалната песна ќе остане впишана со златни букви преку јубилејот на мецосопранот Лени Партикова, магистер по оперско пеење и артист со две децении активна кариера, Партикова во 2024 година го прослави јубилејот 20 години кариера со голем солистички концерт во Националната опера и балет во Скопје, потсетувајќи ја публиката на силата на автентичниот вокал и на важноста на сопствениот јазик како носител на културен идентитет.


Истата година таа влезе во историјата на Драгачевскиот сабор на трубачи во Гуча, еден од најпрепознатливите фестивали во регионот, и во него Лени како прв и единствен уметник од Македонија што настапил на свој јазик. На 63-ото издание на саборот, нејзиниот настап беше збогатен со соработката со КУД „Св. Сава“ од Тетово, што внесе уште подлабока културна симбиоза меѓу песната и играта. Мостот кон оваа соработка е сопругот на Лени, Жарко Ѓорѓески, кој долги години е активен во играорните друштва и со своето искуство отвора пат за заеднички настапи. За учеството во Гуча, тие добија и посебна благодарница, признание што ја потврди важноста на нивниот заеднички придонес.



Ова искуство ја постави Партикова во улога не само на интерпретатор, туку и на културен амбасадор кој успева да ја обедини музиката и танцот во заедничка приказна.

Токму оваа година, Лени Партикова ја зацврсти својата улога како културен амбасадор на Македонија. Таа беше првиот и единствен претставник од земјава поканет да учествува на 33-от избор на Косовка девојка во манастирот Грачаница во Косово и Метохија. На свеченоста, што ја обединува духовноста, историјата и современата уметничка изведба, Партикова настапи на свој мајчин јазик, внесувајќи македонска боја и топлина во ова значајно културно-духовно збиралиште.

Со длабока интерпретација таа ги отпеа безвременските бисери „Отвори ми бело ленче“ и „Јовано, јованке“. Овие песни, иако традиционално македонски, во нејзината интерпретација се претворија во универзален јазик на љубов, носталгија и заедништво. Настапот во Грачаница беше доживеан не само како концерт, туку и како симболичен чин, потсетување дека уметноста нема граници, а јазикот на музиката може да гради мостови таму каде што понекогаш политиката или историјата оставаат ѕидови.

„За мене, ова не беше само настап, туку и духовно доживување,“ изјави Партикова по свеченоста. „Да се пее на Видовден во Грачаница, и тоа на македонски јазик, значеше да се донесе дел од Македонија таму каде што се собираат луѓе од различни простори и традиции.“

Со својот пат и визија, Лени Партикова одамна не е само оперска пејачка. Таа е чувар на традицијата, глас на современата уметност и мост на културна поврзаност. Дваесетте години кариера што ги одбележа, се само доказ дека автентичноста и упорноста се секогаш препознаени и наградени.
Деновиве пред неа е уште едно предизвикувачко поглавје, на 27 август ќе настапи на Лешочкиот фолк фест со песната „Горда сум Македонка“ – нумера која веќе во самиот наслов носи силна порака и идентитетска гордост. Очекувањата се големи, а публиката со нетрпение го чека овој настап за кој многумина предвидуваат дека ќе донесе нов успех и нова страница во нејзината уметничка приказна.

Нејзиниот јубилеј не е крај на едно поглавје, туку почеток на ново – во кое македонската песна и понатаму ќе ја пренесува низ фестивалските сцени на Балканот и пошироко, секогаш со гордо истакнато потекло и љубов кон корените.
Шоу Биз
Со емоции и почит – Александар Јосифовски со ковер на „Кому да запеам“
Со огромна почит кон македонската музичка традиција и длабока емоција, Александар Јосифовски кој го освои регионот по учеството во Ѕвездите на Гранд, каде го освои високото второ место, на својот Фејсбук профил ни го претстави својот најнов музички проект – ковер верзија на легендарната песна „Кому да запеам“, првично изведена од незаборавниот Благоја Грујовски.

Јосифовски не крие дека станува збор за една од неговите најомилени композиции, песна која, како што вели, не е само музика, туку вистинско сведоштво за едно време, една генерација и емоции што не стареат. Токму затоа, овој проект е замислен како искрен омаж за човекот и делото што оставиле длабока трага во македонската музичка историја.
Авторскиот тим зад ова безвременско музичко дело е составен од големи имиња: текстот е дело на велемајсторот Огнен Неделковски, музиката ја потпишува легендарниот музички творец Григор Копров, додека аранжманот е на музичкиот великан Дамир Имери. Комбинацијата на нивниот талент создаде песна која и денес, со ист интензитет, допира до срцата на слушателите.
Со својата интерпретација, Александар Јосифовски се обидува да ја пренесе истата тежина и убавина што ја носи оваа легендарна композиција, притоа внесувајќи личен печат и современа сензибилност, но без да ја наруши нејзината автентичност.
„За Благоја. За времето што го одбележа. За песните што живеат засекогаш“, порачува Јосифовски, потврдувајќи дека вистинската музика нема рок на траење, туку продолжува да живее низ нови гласови и нови генерации.
-
Шоу Бизпред 2 месеци„Аска 2“ доаѓа на 2 декември – нов музички бум од Теа Таировиќ
-
Шоу Бизпред 2 месециРадио Зона М1 во блесок и сјај го одбележа својот 32-ри роденден – ноќ исполнета со музика, емоции и вистински гламур
-
Народнапред 1 неделаВладимир Поповски ја оживеа „Непокорни Македонци“ – песна што зборува во името на народот
-
Шоу Бизпред 5 месециНа 18-ти септември село Булачани ќе чука „во ритам на хуманоста“ со голем концерт
-
Шоу Бизпред 2 месециРадио Зона М1 – 32 години музичка приказна што не престанува да пулсира
-
Народнапред 2 неделиЛени Партикова со прес-конференција го најави концертот и новиот албум „Горда сум Македонка“
-
Шоу Бизпред 3 неделиСо емоции и почит – Александар Јосифовски со ковер на „Кому да запеам“
-
Шоу Бизпред 1 месецНова кавер-приказна од младиот вокал Никола Милосковски – Емотивната балада „Лутка“ доби нова душа
