Поврзете се со нас

Шоу Биз

Што се случува на естрадната сцена во соседството

Објавено

на

Естрада.мк реши да ѕирне зад сцената на регионалната естрадна сцена и да види, што се случува таму. А таму, Марија Шерифовиќ излезе од Ѕвездите на гранд и моментално ужива на годишен одмор со својот син Марио. Босанац и Вики ја напуштија долгогодишната сцена на Гранд, Карлеуша повторно во скандал, а новото шоу ‘Хајп ѕвезди’ подготвува голем пресврт на балканската естрада.“

Естрадната сцена на Балканот деновиве доживува турбуленции какви одамна не сме виделе. Дел од најпознатите лица кои со години беа синоним за „Звезде Гранда“ си заминуваат од шоуто, нови имиња потпишуваат договори со конкурентски телевизии, а во игра се појавува и сосема ново музичко натпреварување кое ветува дека ќе стане сериозна конкуренција.

Реклама

Марија Шерифовиќ, победничката на Евровизија и еден од најмоќните вокали на Балканот, се повлече од жирирањето во Ѕвездите на гранд, а моментално се повлече и од големата сцена и ужива во летниот одмор, посветена на најважната улога – мајчинството. Таа ужива на одмор со својот син Марио, кого го доби со помош на сурогат-мајка. Марија сподели дека овој период ѝ е најдрагоцен и дека професионалните ангажмани свесно ги одложува за да биде максимално присутна во животот на своето дете.

По долги години како препознатливи членови на жирито во „Звезде Гранда“, Вики Миљковиќ и Драган Стојковиќ Босанац потпишаа договор со Жељко Митровиќ и преминуваат во новото жири на „Пинкови ѕвезди“.

Босанац, кој беше дел од „Гранд“ цели 12 години, откри дека чувствувал неправда и недоволна почит за неговата долгогодишна работа. Новиот договор на Пинк му носи значително поголем хонорар, но и нов предизвик, да стане дел од тимот кој треба да го врати сјајот на музичките натпревари.

Во жирито на Пинк влегува и Јелена Карлеуша, по години несогласувања со Жељко Митровиќ. Иако договорот се смета за голем потег, пејачката во моментов е на удар на јавноста поради своите ставови. Нејзиниот неодамнешен концерт во Лозница заврши со вистинско фијаско – настапот беше прекинат, а пејачката со придружба на полицијата ја напушти сцената откако дел од публиката бурно реагираше. Настанот предизвика лавина реакции и дополнително ја стави Карлеуша во центарот на контроверзии и вниманието од кое со години и не може да излезе.

Додека „Гранд“ и „Пинк“ се прегрупираат, на сцената се појавува ново шоу – „Хајп ѕвезди“. Продукцијата најавува свеж концепт, модерна продукција и поинаков пристап кон младите таленти, со цел да привлече публика која сака нешто ново и поразлично. Со ова, музичката сцена добива трета силна арена во која ќе се борат идните ѕвезди.

Со заминувањето на препознатливите членови од „Гранд“, договорите со „Пинк“ и појавата на нови играчи како „Хајп ѕвезди“, јасно е дека регионалната естрада влегува во сосема нова етапа. Борбата за гледаност и таленти никогаш не била посилна, а за публиката тоа значи повеќе музика, повеќе емисии и повеќе неизвесност.

Естрадното небо е бурно – а следните месеци ветуваат уште поголеми пресврти.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама

Шоу Биз

Со емоции и почит – Александар Јосифовски со ковер на „Кому да запеам“

Објавено

на

Од

Со огромна почит кон македонската музичка традиција и длабока емоција, Александар Јосифовски кој го освои регионот по учеството во Ѕвездите на Гранд, каде го освои високото второ место, на својот Фејсбук профил ни го претстави својот најнов музички проект – ковер верзија на легендарната песна „Кому да запеам“, првично изведена од незаборавниот Благоја Грујовски.

Јосифовски не крие дека станува збор за една од неговите најомилени композиции, песна која, како што вели, не е само музика, туку вистинско сведоштво за едно време, една генерација и емоции што не стареат. Токму затоа, овој проект е замислен како искрен омаж за човекот и делото што оставиле длабока трага во македонската музичка историја.

Авторскиот тим зад ова безвременско музичко дело е составен од големи имиња: текстот е дело на велемајсторот Огнен Неделковски, музиката ја потпишува легендарниот музички творец Григор Копров, додека аранжманот е на музичкиот великан Дамир Имери. Комбинацијата на нивниот талент создаде песна која и денес, со ист интензитет, допира до срцата на слушателите.

Со својата интерпретација, Александар Јосифовски се обидува да ја пренесе истата тежина и убавина што ја носи оваа легендарна композиција, притоа внесувајќи личен печат и современа сензибилност, но без да ја наруши нејзината автентичност.

Реклама

„За Благоја. За времето што го одбележа. За песните што живеат засекогаш“, порачува Јосифовски, потврдувајќи дека вистинската музика нема рок на траење, туку продолжува да живее низ нови гласови и нови генерации.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ