Шоу Биз
„Ова лето“ е само почеток ZDRAVE MUSIC – трио што носи свежа енергија на домашната сцена
Триото ZDRAVE MUSIC, составени од Благојче, Бојан и Дарко, момците од Охрид и Ресен креираат звук кој ги обединува традицијата и современиот поп-шмек. Момците кои сосема успешно започнуваат да пливаат во музичките води. Ова лето, тие нè покануваат на музичко патување полно со свежина, позитивна енергија и носталгична емоција, спакувано во динамичен аранжман и визуелно атрактивен спот.


Тие го привлекоа вниманието на македонската публика со нивниот најнов сингл „Ова лето“, вистинска химна за топлите денови, љубовта и моментите поминати покрај езеро.


„Ова лето“ носи лесна, ведра енергија, каде се чувствува допирот на охридскиот дух. Со мелодични хармонии, топол вокал и умерено забавен ритам, песната е создадена да биде саундтрак на излетите, журките и летните ноќи.

Композицијата е вешто продуцирана со мешавина од живи инструменти и електронски елементи, давајќи ѝ на песната автентичен, но модерен звук.

Со своите успешни настапи во кои е вклучена и народната музика и после се почестите појавувања во медиумите, ZDRAVE MUSIC продолжуваат да ја градат својата кариера со јасна насока и цел, а тоа искрена музика, блискост со публиката и доследност во квалитеот. Момците сами работат на аранжманите, продукцијата и сценскиот израза, што дополнително ја збогатува нивната приказна со личен печат.

Во студиото работат со страст, а на сцената настапуваат со енергија што ја пренесуваат директно на публиката. Спојот меѓу веселбите и музичка посветеност ги прави препознатливи и омилени кај помладата публика, но и кај љубителите на традиционалниот македонски звук.

Со „Ова лето“, групата јасно покажува дека не се само моментален тренд, туку сериозен проект што чекори напред. Песната е дел од поширок план кој вклучува нови настапи, фестивали и можни колаборации со други изведувачи.

И додека летото сè уште трае, ZDRAVE MUSIC веќе ја поставуваат сцената за следната фаза од нивниот музички пат. Но едно е сигурно: ова лето ќе остане запаметено по песната што ни донесе насмевка, движење, разиграност и малку повеќе љубов.
Шоу Биз
Сека Алексиќ и Раста на иста сцена во Арена „Јане Сандански“
Скопје на 14 март 2026 година ќе биде центар на регионалната музичка сцена. Во сабота, во Арена „Јане Сандански“, публиката ќе има можност да присуствува на вистински музички спектакл на кој за првпат на иста сцена ќе настапат две големи ѕвезди – Сека Алексиќ и Раста.
Организаторите најавуваат вечер исполнета со врвна продукција, моќен звук и светлосно шоу, како и сет-листи составени од најголемите хитови на двајцата артисти. Концертот ветува спој на силни емоции, балади и препознатливата енергија на Сека Алексиќ, надополнети со урбаниот ритам и модерниот музички израз на Раста.
Овој музички настан се очекува да привлече илјадници посетители од земјава и регионот, кои ќе ја наполнат арената и ќе создадат атмосфера што долго ќе се памети. Комбинацијата на две различни, но подеднакво моќни музички естетики, според најавите, ќе понуди уникатно концертно доживување за сите генерации.
Влезниците наскоро ќе бидат пуштени во продажба преку платформите www.vleznica.mk, www.karti.com.mk и www.ticketx.com.mk.
14 март 2026 – датум што љубителите на добрата музика веќе го заокружуваат во своите календари.
-
Народнапред 2 месециВладимир Поповски ја оживеа „Непокорни Македонци“ – песна што зборува во името на народот
-
Шоу Бизпред 2 неделиСека Алексиќ и Раста на иста сцена во Арена „Јане Сандански“
-
Шоу Бизпред 4 месеци„Аска 2“ доаѓа на 2 декември – нов музички бум од Теа Таировиќ
-
Шоу Бизпред 1 месецАлександар Митевски и хорот „Фрида“ со музички спомен за Фросина Кулавкова
-
Народнапред 2 месециЛени Партикова со прес-конференција го најави концертот и новиот албум „Горда сум Македонка“
-
Шоу Бизпред 2 месециСо емоции и почит – Александар Јосифовски со ковер на „Кому да запеам“
-
Шоу Бизпред 3 месециРадио Зона М1 во блесок и сјај го одбележа својот 32-ри роденден – ноќ исполнета со музика, емоции и вистински гламур
-
Шоу Бизпред 3 месециНова кавер-приказна од младиот вокал Никола Милосковски – Емотивната балада „Лутка“ доби нова душа
