Поврзете се со нас

ЗАБАВНА

Од болка до песна – Ивона Јо го слави животот со „Молитва“

Објавено

на

Поп-емотивната и инспиративна трансформација на Ивона Јо продолжува да ја осветлува македонската музичка сцена. На својот 29‑ти роденден, пејачката од Куманово направи исклучително значаен чекор, ја претстави новата песна и видеоспот за песната „Молитва“.


Во роденденската порака објавена на социјалните мрежи, Ивона ги сподели искрените предизвици низ кои помина, таа во својата роденденска порака напиша


„Беше тешка година, но преживеав. Сега сум 29‑годишна — понекогаш скршена, понекогаш насмеана, но никогаш откажана од себе… Утре ви го дарувам, и си го дарувам, мојот нов спот — во 19 часот. Бај.“



Неверојатно е како токму во моменти на борба таа го создаде овој нов музички дар за себе и за публиката.

Минатата година, Ивона исполни уште една од своите поставени цели, по операцијата за намалување на желудникот и ослабе, сега таа направи операција за отстранување на вишок кожа. Во само три месеци, забележа значителна трансформација на телото со драстичен пад на килограмите, а секој 26‑ти ден од месецот го нарекува „нов роденден“, „Нова јас“.

Но промената не е само во изгледот, таа продолжи да се исцелува и низ музиката. Само неколку месеци пред „Молитва“, Ивона веќе ја претстави песната „Себично“, која ја испеа на Макфест во Штип. Таа ја опишува како „молитва и крик за ослободување од товарот кој го носиме во себе“.

Оваа нова фаза од нејзиниот живот и кариера не е случајна, таа е резултат на борба, љубов кон себе и кон музиката. Со песната „Молитва“, таа ги искажува своите внатрешни и надворешни демони кои на нејзиниот пат, се обидувале да ја скршат и да ја спрешат да продолжи. Но таа со својата истрајност и упорност повторно успева да се издигне, да ја создаде ,,новата Ивона” и да докажува дека „нова Ивона“ останува позитивна, посветена и подготвена да инспирира повторно.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама

ЗАБАВНА

Македонката Тина Русева триумфираше на „The Voice of Europe 2025“

Објавено

на

Од

Македонската пејачка Тина Русева оствари голем меѓународен успех освојувајќи го првото место на онлајн натпреварот „The Voice of Europe“. Родена во Струмица, Тина во изминатиот период го привлече вниманието на европската публика со својот моќен вокал, впечатлива сценска појава и исклучително емотивни интерпретации.

Русева претходно настапи на престижното музичко шоу „The Voice of Germany“, каде иако не ја освои главната титула, остави силен впечаток и беше препознаена како една од најоригиналните и најквалитетни кандидатки во целиот процес. Токму благодарение на тој настап, таа доби можност да ја претставува Германија на „The Voice of Europe“.

Натпреварот „The Voice of Europe“ се одвиваше преку социјалната мрежа Инстаграм, каде учесниците собираа поени од гласовите на публиката и од жири-комисија. Тина Русева доби најмногу гласови и од публиката и од жирито, а за само 24 часа собра над 40.000 лајкови, што претставува убедливо најголема поддршка меѓу финалистите.

По победата, Тина преку видео-обраќање им се заблагодари на сите кои ја поддржале:
„Ви благодарам многу, прво затоа што ме поддржавте, лајкувавте, коментиравте и што бевте тука. Исто така му благодарам на жирито што судеше фер. Она што можам да го кажам е – бидете тоа што сте, верувајте во себе, верувајте во процесот и успехот ќе ве следи“, порача Русева.

Реклама

Оваа победа претставува значаен чекор во кариерата на младата македонска пејачка и уште една потврда дека македонскиот талент има што да покаже и на европската сцена. Со својот автентичен стил, силна емоција и искрен пристап кон музиката, Тина Русева успеа да ги освои срцата на публиката и жирито и да го запише своето име меѓу најуспешните учесници на „The Voice“ франшизата.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ