Поврзете се со нас

Шоу Биз

Што ново ни спрема Анета Љумакова

Објавено

на

Една од нашите најдобри пеачки, како на народана исто така и на забавна музика, иако е повеќе позната по народната музика, Анета Љумакова, деновиве на својот Фејсбук профил обзнани дека се спрема нешто ново. Всушност, објави дека во соседна Грција, поточно во Кавала, заедно со својот тим се снимал спот за нејзината нова песна.

Анета во својата објава на Фејсбук кажа – Два дена поминати на сонце, топлина, замор, неспиење, патување од една дестинација на друга,но сепак позитивни, насмеани и расположени во исчекување на крајниот резултат од тоа што го имавме замислено, ја завршивме успешно нашата мисија, и на крај видовме дека ништо не било залудно кога се работи сложно, неуморно со полна пареа, а сето тоа може да се постигни со екипа на луѓе кои се професионалци во својот занает и едноставно, си ја знаат својата работа.

Ова беше едно ново искуство, ново доживување што ќе го паметиме, а сето тоа спакувано во еден видео запис за една од моите понови песни чии автори се: текст – Анита Даева, музика и аранжман – Бобан Мојсовски.

Реклама

Понатаму во текстот изрази благодарност до целиот тим кој неуморно работел на овај спот, тим кој се вложил максимално за да се сними видео записот во Кавала, кој ќе остане да се слуша и гледа.

Сигурни сме дека Анета ќе ја оправда довербата на своите слушатели и дека песната комплетирана со видео запис ќе постигне огромен успех.

Видео записот сеуште е во фаза на монтажа, а дотогаш, нам ни останува со нетрпение да ја очекуваме промоцијата на новата песна и новиот видео запис на Анета Љумакова.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама

Некатегоризирано

„Аска 2“ доаѓа на 2 декември – нов музички бум од Теа Таировиќ

Објавено

на

Од

По серијата успешни концерти и спектакуларна сезона со која освои бројни градови низ Балканот, популарната Теа Таировиќ подготвува нов музички проект што веќе предизвикува огромно внимание. Нејзиниот албум „Аска 2“ е официјално најавен за 2 декември, а пејачката во изминатите денови пушташе кратки сегменти од неколку нови песни—доволно за да ја разбуди љубопитноста на публиката.

Како што истакна и самата Теа, новиот албум ќе биде „она што е Теа“, музика со силен, препознатлив и експлозивен ритам. Веќе по најавите, фановите очекуваат продолжение на нејзиниот модерен звук, динамични хитови и хитовски рефрени кои ја поставија Теа на врвот на регионалната сцена.

„Аска 2“ се предвидува да донесе уште повозбудливи мелодии, визуелни приказни и енергични настапи, а кратките тизери што ги објави на својот Инстаграм профил, веќе собираат стотици илјади прегледи и позитивни реакции. Публиката со нетрпение го очекува официјалното претставување на албумот, уверенa дека Теа повторно ќе ја подигне летвичката.

Реклама

Со најавениот датум 2 декември, „Аска 2“ се подготвува да биде еден од најочекуваните проекти на крајот од годината и уште една потврда за непрекинливиот подем на Теа Таировиќ на балканската музичка сцена.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ