Шоу Биз
Јелена Карлеуша го врати својот Инстаграм профил
После пет месеци, поп дивата Јелена Карлеуша успеа да си го поврати својот Инстаграм профил на кој имаше повеќе од 2 милиони следбеници. На таа платформа Јелена освен известувања за своите настапи и фото сеси, споделува моменти од својот личен живот, преку објави се бори за заштита на животните, ги споделува и своите ставови околу политичката сцена и од сите останати сфери во државата.
И токму поради мешањето во политика и јасно поддржување на моменталната власт, во февруари 2025, здружението „Еко Стража“ од Србија поднесе петиција до Мета за затворање на нејзиниот профил, повикувајќи се на „говор на омраза, расизам, ксенофобија, таргетирање поединци и генерално штетно однесување“. Во рок од неколку дена, петицијата собра над 348.000 потписи, а поддржувачи и критичари бурно дебатираа дали тоа е цензура или оправдан чекор .
Јелена враќањето на својот профил го потврди со споделување објава во која вели – И конечно се вратив, посебна благодарност за @kadirsenliix кој го направи невозможното. Крал на Турција.

Бидејќи Јелена преку својот Инстаграм профил ги известува своите фанови за своите настапи и проекти, таа веднаш сподели сет фотографии од настапот во еден белградски престижен локал со прашање – Дали ви недостасував?
Сега, откако е повторно активна на Инстаграм, почна да споделува содржини и да го враќа внимание кон себе – без разлика дали позитивно или негативно. Во секој случај, нејзиното присуство продолжува да ја дели јавноста.
Шоу Биз
Радио Зона М1 – 32 години музичка приказна што не престанува да пулсира
Радио Зона М1 одбележува – 32 години постоење, континуирано емитување и несебична посветеност кон слушателите. Основано во време кога радиото беше прозорец кон светот, а музиката најискрен јазик меѓу луѓето, Зона М1 успеа да остане дел од секојдневието на генерации слушатели, градејќи препознатлив потпис и силен однос со народот.
Во текот на овие три децении, радиото прерасна во симбол на добрата енергија, на ведриот дух и на моментите што обединуваат. Програмата е богата и шаренолика, од најновите музички хитови до вечните класици, од македонски поп и фолк, до ритмите на целиот Балкан. Токму таа разновидност создава мост меѓу различни вкусови и генерации, правејќи го радиото омилено за сите кои сакаат музика со душа.
Покрај музиката, Зона М1 негува и впечатливи емисии, водители со препознатлив стил и програма која знае да расположи, насмее, информира, но и да даде простор за размислување. Преку нив, радиото стана повеќе од медиум, стана навика, дел од домот, дел од работниот ден и секојдневна придружба на илјадници слушатели.
Секако, 32 години носат и предизвици. Како и многу медиуми, Зона М1 минала низ периоди на финансиски, технички и организациски тешкотии. Но тимот секогаш ја задржал својата препознатлива енергија и упорност. Дури и кога било најтешко, радиото не дозволило слушателот да почувствува негативност, во етерот секогаш доминирала позитивната вибрација.
Во чест на овој голем јубилеј, главните уредници и сопственици на радиото, Марјан и Светлана Тасевски ќе организираат роденденска забава, посветена на сите кои со години го одржуваат духот на Зона М1 жив – вработените, соработниците и луѓето кои секојдневно придонесуваат радиото да остане она што е денес. Забавата ќе биде симболична благодарница за нивниот труд, лојалност и заедничката верба во оваа три децениска приказна.

Денес, по 32 години, Радио Зона М1 стои повисоко од кога било: зрел, стабилен, модерен медиум што чекори со времето, но ги зачувува своите корени. Продолжува да биде таму каде што отсекогаш било – блиску до народот, со срце кое чука во ритамот на Балканот и со микрофон што никогаш не замолчува.
Со јасна визија, силна традиција и голема љубов кон слушателите, радиото го прославува својот роденден со пораката:
„32 години сме со вас, тука и остануваме!“
-
Шоу Бизпред 1 недела„Аска 2“ доаѓа на 2 декември – нов музички бум од Теа Таировиќ
-
Шоу Бизпред 3 месециНа 18-ти септември село Булачани ќе чука „во ритам на хуманоста“ со голем концерт
-
Шоу Бизпред 3 месециНастапот на Раде Младеновски на Тумба Фест го потврди неговиот подем на македонската сцена
-
Шоу Бизпред 5 месециВодителката Биљана Коцева – Алексова на пат за Острог
-
Шоу Бизпред 5 месециИмпресиите на Бици по враќањето од Острошкиот манастир
-
Шоу Бизпред 5 месециМиро Костовски – Бизнисмен со срце, југоносталгичар со душа и човек кој знае да го слави живот
-
Шоу Бизпред 2 месециНино и Мац со голем исчекор – склучија договор со продукција ‘Зона М1’ и тргнуваат кон регионален успех!
-
Шоу Бизпред 2 денаРадио Зона М1 – 32 години музичка приказна што не престанува да пулсира
