Шоу Биз
Водителката Биљана Коцева – Алексова на пат за Острог
Водителката на Радио Зона М1 Биљана Коцева – Алексова денеска ќе се упати во едно од најпосетените духовни светилишта на Балканот – Манастирот Острог.
Манастирот Острог, врежан во стрмната карпа на планината во близина на Никшиќ, е посветен на Свети Василиј Острошки и секоја година привлекува стотици илјади верници од целиот свет – православни, католици, но и припадници на други вери. За многумина, ова место е симбол на исцелување, молитва и духовно прочистување.

Биљана или како што слушателите на Радио Зона М1 ја знаат, Бици, на ова патување не оди како репортер и новинар туку како човек што сака да го почувствува и разбере мирот што луѓето го пронаоѓаат таму. Да го почувствува чувството што луѓето го имаат таму, кога ќе се искачат до Горниот манстир, да го слушне шепотот на нивните молитви и да ги слушне нивните приказни, бидејќи Острог не е само црква врежана во карпа, Острог е живо место на надеж за подобро утре.
Посетата на Острог е планирана за овој викенд, а своите импресии од патувањето Бици ќе ни ги пренесе во наредната нејзина емисија и со тоа, за сите нас што не можеме да отидеме до Острог, Бици ќе ни го донесе Острог дома преку зборови и фотографии.
Шоу Биз
Со емоции и почит – Александар Јосифовски со ковер на „Кому да запеам“
Со огромна почит кон македонската музичка традиција и длабока емоција, Александар Јосифовски кој го освои регионот по учеството во Ѕвездите на Гранд, каде го освои високото второ место, на својот Фејсбук профил ни го претстави својот најнов музички проект – ковер верзија на легендарната песна „Кому да запеам“, првично изведена од незаборавниот Благоја Грујовски.

Јосифовски не крие дека станува збор за една од неговите најомилени композиции, песна која, како што вели, не е само музика, туку вистинско сведоштво за едно време, една генерација и емоции што не стареат. Токму затоа, овој проект е замислен како искрен омаж за човекот и делото што оставиле длабока трага во македонската музичка историја.
Авторскиот тим зад ова безвременско музичко дело е составен од големи имиња: текстот е дело на велемајсторот Огнен Неделковски, музиката ја потпишува легендарниот музички творец Григор Копров, додека аранжманот е на музичкиот великан Дамир Имери. Комбинацијата на нивниот талент создаде песна која и денес, со ист интензитет, допира до срцата на слушателите.
Со својата интерпретација, Александар Јосифовски се обидува да ја пренесе истата тежина и убавина што ја носи оваа легендарна композиција, притоа внесувајќи личен печат и современа сензибилност, но без да ја наруши нејзината автентичност.
„За Благоја. За времето што го одбележа. За песните што живеат засекогаш“, порачува Јосифовски, потврдувајќи дека вистинската музика нема рок на траење, туку продолжува да живее низ нови гласови и нови генерации.
-
Шоу Бизпред 2 месеци„Аска 2“ доаѓа на 2 декември – нов музички бум од Теа Таировиќ
-
Шоу Бизпред 2 месециРадио Зона М1 во блесок и сјај го одбележа својот 32-ри роденден – ноќ исполнета со музика, емоции и вистински гламур
-
Народнапред 1 неделаВладимир Поповски ја оживеа „Непокорни Македонци“ – песна што зборува во името на народот
-
Шоу Бизпред 5 месециНа 18-ти септември село Булачани ќе чука „во ритам на хуманоста“ со голем концерт
-
Шоу Бизпред 2 месециРадио Зона М1 – 32 години музичка приказна што не престанува да пулсира
-
Народнапред 2 неделиЛени Партикова со прес-конференција го најави концертот и новиот албум „Горда сум Македонка“
-
Шоу Бизпред 3 неделиСо емоции и почит – Александар Јосифовски со ковер на „Кому да запеам“
-
Шоу Бизпред 1 месецНова кавер-приказна од младиот вокал Никола Милосковски – Емотивната балада „Лутка“ доби нова душа
