Народна
„ТАНЕЦ“ ОРГАНИЗИРА ГАЛА КОНЦЕРТ ВО ЧЕСТ НА ВАСКА ИЛИЕВА
По успешната соработка со Националната опера и балет, „Танец“ најави уште еден голем концерт, посветен на 100-годишнината од раѓањето на легендарната македонска пејачка Васка Илиева. Концертот насловен „Песната судбина“ ќе се одржи на 17 октомври во Македонскиот народен театар, со почеток во 20 часот.
Замислен е како ексклузивна гала вечер, при што солистите и ансамблите на НУ „Танец“ ќе изведат 15-ина антологиски песни од нејзиниот богат репертоар, а ќе бидат прикажани и вредни архивски материјали поврзани со животот и делото на Илиева.
Васка Илиева (1923-2001) е една од најпознатите македонски изведувачки на народна музика. Родена во Скопје, својата музичка кариера ја започнала во 1950 токму во Државниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“. Со својот уникатен стил на изведба, многу брзо станала популарна, одржувајќи голем број концерти низ светот. И денес, нејзините изведби на песните „Земјо македонска“, „Имала мајка“, „Излегол невен Пејо“, „Аир да не сториш мајко“ и „Сестра кани брата на вечера“ се белег со трајни вредности за македонската културна историја.
Народна
Анета Љумаковска со моќна нова песна „Жена“ – ода за силата, достоинството и емоцијата на современата жена!
Македонската пејачка Анета Љумаковска повторно го воодушеви својот круг на обожаватели со новиот сингл „Жена“, песна која уште од првото слушање допира длабоко во душата. Со моќна интерпретација и искрена емоција, Анета испраќа силна порака за жената како симбол на сила, љубов и достоинство, а нејзиниот глас во себе носи моќ, сила и гордост што е и таа една од тие жени.


Песната е дело на текстописецот Анита Даева, додека за музиката и аранжманот стои Дејан Момироски од XL Studio, кој успеал да создаде совршена емотивна мелодика што ја издигнува нумерата на едно повисоко уметничко ниво.


Посебен печат на проектот му дава и видеоспотот, кој е снимен низ познатите улици и места на Рим. Под режисерска палка на Art Studio – Дејан Ѓоргиев и Давид Стојковски, визуелната приказна ја следи емоцијата на песната, жена која минувала низ искушенија, но гордо и достоинствено стои исправена, како симбол на сила и љубов.

Анета со „Жена“ покажува дека нејзината музика е повеќе од звук, тоа е исповед, порака и инспирација за сите жени кои секојдневно се борат, љубат и простуваат, но никогаш не се предаваат.

Со оваа нумера, Љумакова уште еднаш докажа дека има уникатен вокал и стил што не може да се игнорира. „Жена“ е песна која не само се слуша, таа се чувствува со срце.
-
Некатегоризиранопред 1 недела„Аска 2“ доаѓа на 2 декември – нов музички бум од Теа Таировиќ
-
Шоу Бизпред 3 месециНа 18-ти септември село Булачани ќе чука „во ритам на хуманоста“ со голем концерт
-
Шоу Бизпред 3 месециНастапот на Раде Младеновски на Тумба Фест го потврди неговиот подем на македонската сцена
-
Шоу Бизпред 5 месециВодителката Биљана Коцева – Алексова на пат за Острог
-
Шоу Бизпред 5 месециИмпресиите на Бици по враќањето од Острошкиот манастир
-
Шоу Бизпред 4 месециМиро Костовски – Бизнисмен со срце, југоносталгичар со душа и човек кој знае да го слави живот
-
Шоу Бизпред 2 месециНино и Мац со голем исчекор – склучија договор со продукција ‘Зона М1’ и тргнуваат кон регионален успех!
-
Народнапред 3 неделиКој стои зад „Горд Македонец“
