Шоу Биз
Македонецот Кире Науноски според гласачите на Фејсбук е победник во шоуто Никогаш не е доцна
Вчера вечер заврши музичкото шоу Никогаш не е доцна, кое се движи во својата десетта сезона. После девет месечна неверојатна борба во пеење, пред стручото жири, а и пред оние што го следеа ова шоу, беше тешка задача, да се избере најдобриот од најдобрите.
Стручното жири го сочинуваа Саша Милошевиќ Маре, Алка Вуица и Енес Беговиќ, како и 34 членови од стручно жири кои гласаа вклучени телефонски, во жово
Во оваа спектакуларна вечер беа избрани победниците и тоа, според СМС гласовите победата ја однесе Маријана Солдат Богојевиќ, која освои 13 126 гласови.

Спред гласачите на Фејсбук победата ја однесе нашиот Кире Науноски, кој од Фејсбук публиката освои 12 126 гласови.

И според стручното жиро со 204 гласа победи Марко Јанковиќ Блек.

И оваа година Македонија се покажа дека е земја во која се изнедруваат квалитетни гласови и пеачи. Да потсетиме, минатата година меѓу победниците го имавме Сашо Бошески, во 2023 година меѓу победниците беше Павле Витанов, а во 2022 победник беше Бобан Цаневски.
Секако Македонија е горда на своите таленти и им посакува успех.
Шоу Биз
Сузана Манчиќ доаѓа на „Охрид Фест“ – Во Охрид ќе прослави 50 години кариера
Една од најпрепознатливите дами на балканската естрада, Сузана Манчиќ, годинава ќе биде специјална гостинка на 33. издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид Фест – Охридски трубадури“. Таа ќе настапи на Интернационалната фестивалска вечер, носејќи ја на охридската сцена својата препознатлива харизма, шарм и позитивна енергија.
Нејзиното гостување во Охрид ќе има и посебна симболика. Токму на сцената на „Охрид Фест“, Сузана Манчиќ ќе одбележи импресивни 50 години од својата богата и успешна кариера – пет децении исполнети со музика, телевизија, актерство и незаборавни моменти поради кои со години важи за една од најпознатите и најомилените јавни личности на просторите на поранешна Југославија.

Во разговор по повод нејзиното доаѓање во Македонија, Манчиќ откри дека иако многупати гостувала во земјава, ова ќе биде нејзин прв настап на „Охрид Фест“.
„Безброј пати сум била во Македонија, но за првпат доаѓам на ‘Охрид Фест’ и навистина сум многу среќна поради тоа. Ќе ја изведам дуетската песна со Ѓоле Боем, дело на композиторот Григор Копров. Песната веќе ја снимивме, а мојот колега постојано ме прашува дали ја вежбам. Не знае со кого си има работа – кога еднаш ќе научам нешто, тоа останува научено“, вели Сузана низ смеа.

Охрид за неа не е непозната дестинација. Напротив, како што раскажува, со градот ја врзуваат бројни спомени – од училишни екскурзии, преку настапи и концерти, па сè до летување со нејзините ќерки додека биле мали.
„Во Охрид сум била безброј пати. Моите ќерки и денес се сеќаваат на зборовите ‘благодарам’ и ‘како се викаш?’, кои тогаш ги научија и со насмевка ги изговараат“, открива таа.

Кога зборува за својата долга кариера, Манчиќ признава дека спомените се толку многубројни што решила да ги преточи во две автобиографски книги.
„Имам навистина многу спомени и тие траат цел живот. Во книгите ги собрав најинтересните приказни од мојот живот и кариерата. За жал, сè уште не се преведени на македонски јазик“, вели таа.
Публиката на „Охрид Фест“ од неа може да очекува, пред сè, добра песна и добро расположение.
„Добрата песна е добра песна. Единственото изненадување може да биде само тоа што ќе го облечам. Очекувам средби со нови и стари колеги, мало возење по езерото и еден блескав охридски бисер“, додава Сузана.
Осврнувајќи се на денешната музичка сцена, таа има јасна порака за младите изведувачи: „Упорност. И само упорност. Популарноста е расиплива стока – денес сте ѕвезда, утре ве нема никаде. Затоа се потребни памет, внимателен избор на песни и соработници, професионалност и постојана работа на себе.“
Но ова лето за Сузана Манчиќ е посебно и поради уште една причина. Само пред неколку дена таа за првпат стана баба, а емоциите околу доаѓањето на внучето не ги крие.
„Имав огромна трема, поголема отколку кога јас се породив. Утрото ми јавија дека сè поминало добро и дека и бебето и мајката се во добра состојба. Тоа беше чувство на неизмерна среќа и гордост. Мојата Теодора стана мајка“, раскажува таа емотивно.
Особено ја трогнало тоа што нејзината помлада ќерка Наталија присуствувала на породувањето и цело време ја бодрела својата сестра.
„Сè уште не сум целосно свесна за промените што допрва следуваат. Кај мене тие доаѓаат како некоја втора, одложена реакција“, искрено признава Сузана.
На прашањето што би сакала еден ден нејзиниот внук да знае за неа, таа одговара со препознатливата ведрина:
„Ќе знае дека неговата баба била убава, весела и успешна жена, која оставила свој белег.“
И за крај, Сузана Манчиќ испрати топла порака до македонската публика и до сите љубители на „Охрид Фест“.
„Се надевам дека македонската публика не ме заборавила, а ако ме заборавила, ќе имаме можност повторно да се запознаеме. Голем поздрав до сите! Со нетрпение чекам да се видиме и заедно да запееме!“
Со ваква искреност, шарм и животна енергија, настапот на Сузана Манчиќ несомнено ќе биде еден од најемотивните и највпечатливите моменти на годинашното издание на „Охрид Фест – Охридски трубадури“.
-
Шоу Бизпред 5 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 3 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 4 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 3 неделиЅвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
-
Шоу Бизпред 4 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 3 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 4 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 1 месецЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
