Шоу Биз
Журки, концерти и креативни работилници – септември нуди по нешто за секого
Септември изобилува со културни, музички и забавни настани кои ветуваат незаборавни моменти за љубителите на уметноста, музиката, добрата забава но и креативноста. Естрада.мк ви издвојува неколку поразлични настани од естрадната култура, настани кои можеби ќе ве интересираат да ги посетите и да уживате во нешто поинакво од она на што сте навикнале. Во тој контекст ги издвојуваме.

АРТ УМ фестивал во Гевгелија
Во рамки на програмата „Гевгелија – Град на културата 2025“, на 19 и 20 септември ќе се одржи второто издание на АРТ УМ фестивалот, посветен на современата музичка и визуелна уметност. Настанот има за цел да ја збогати културната понуда на градот и регионот и да отвори нови хоризонти за младите уметници.

Концерт на Кики Лесендриќ и Пилоти
Истата вечер, на 19 септември, љубителите на рок музиката ќе имаат можност да уживаат во хитови на Кики Лесендриќ и Пилоти, на концерт во Public Room – Скопје.

Микрофестивал „Бостание“
На 20 септември, со почеток од 14 часот, во Зелената арка ќе се одржи микрофестивалот Бостание. На сцената ќе настапат Ishjan Twin, Eyes of Wonder, Чалгија Sound System, Јордан Костов квинтет и Vico – StereoHemia Records.

Добра Вода слави 25 години
Исто така во сабота, на 20 септември, Добра Вода организира голема роденденска забава на отворено. Посетителите ги очекуваат активности, игри и награди, а за музичкиот дел се задолжени The Dd’s, Ермилова и легендарните Pop Art Band.

Филмска програма „ЕкоКадар“
Од 19 до 24 септември ќе се прикажува филмската програма „ЕкоКадар: Малите гласови за големата природа“. Публиката ќе може да ги погледне култните документарци:
- 19 септември – Охридска пастрмка (1962, Кочо Нетков)
- 20 септември – Птици и риби (1961, Трајче Попов)
- 23 септември – Рибарството во Катлановско Езеро (1964, Вера Кличкова)
- 24 септември – Дојранско Езеро (1961, Трајче Попов)

VM Classic Rally – Западно рели на олдтајмери
На 20 септември, од 7 до 21 часот, ќе се одржи VM Classic Rally – WEST, државно првенство во авто–мото рели со историски возила. Настан што привлекува колекционери и љубители на автомобилизам од целата земја.

„Есенска магија“ во Македонско село
На 21 септември, посетителите ќе можат да уживаат во Есенска магија – креативна работилница во Македонско село, посветена на создавање рачно изработени есенски декорации.

Ретро вечер со Битолскиот камерен оркестар
На 26 септември во НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе се одржи концерт посветен на најпознатите MTV хитови од ’80-тите и ’90-тите години, во уникатен аранжман на Битолскиот камерен оркестар. Настан кој ветува вистинска носталгична музичка вечер.

Фестивал на креативни вештини
Од 25 до 28 септември, во Акантус – дом на уметноста и естетиката, ќе се одржува Фестивал на креативни вештини, кој ќе ги собере најиновативните уметници и занаетчии на едно место.

Скопје Винил Конвенција
За крај на месецот, на 27 септември, љубителите на грамофонски плочи ќе ја имаат својата омилена дестинација – Скопје Винил Конвенција, која по деветти пат ќе се одржи на платото на Музејот на Македонија и Куршумли ан. Настанот ќе понуди повеќе од 30 продавачи, над 30 диџеи, Food Court, Second Hand продавници и богата дванаесетчасовна програма.
👉 Септември е месец што ги спојува културата, уметноста и забавата. Без разлика дали сакате филм, музика, рачно изработени предмети, автомобилизам или журки на отворено – програмата низ Македонија нуди по нешто за сите.
Шоу Биз
Радио Зона М1 – 32 години музичка приказна што не престанува да пулсира
Радио Зона М1 одбележува – 32 години постоење, континуирано емитување и несебична посветеност кон слушателите. Основано во време кога радиото беше прозорец кон светот, а музиката најискрен јазик меѓу луѓето, Зона М1 успеа да остане дел од секојдневието на генерации слушатели, градејќи препознатлив потпис и силен однос со народот.
Во текот на овие три децении, радиото прерасна во симбол на добрата енергија, на ведриот дух и на моментите што обединуваат. Програмата е богата и шаренолика, од најновите музички хитови до вечните класици, од македонски поп и фолк, до ритмите на целиот Балкан. Токму таа разновидност создава мост меѓу различни вкусови и генерации, правејќи го радиото омилено за сите кои сакаат музика со душа.
Покрај музиката, Зона М1 негува и впечатливи емисии, водители со препознатлив стил и програма која знае да расположи, насмее, информира, но и да даде простор за размислување. Преку нив, радиото стана повеќе од медиум, стана навика, дел од домот, дел од работниот ден и секојдневна придружба на илјадници слушатели.
Секако, 32 години носат и предизвици. Како и многу медиуми, Зона М1 минала низ периоди на финансиски, технички и организациски тешкотии. Но тимот секогаш ја задржал својата препознатлива енергија и упорност. Дури и кога било најтешко, радиото не дозволило слушателот да почувствува негативност, во етерот секогаш доминирала позитивната вибрација.
Во чест на овој голем јубилеј, главните уредници и сопственици на радиото, Марјан и Светлана Тасевски ќе организираат роденденска забава, посветена на сите кои со години го одржуваат духот на Зона М1 жив – вработените, соработниците и луѓето кои секојдневно придонесуваат радиото да остане она што е денес. Забавата ќе биде симболична благодарница за нивниот труд, лојалност и заедничката верба во оваа три децениска приказна.

Денес, по 32 години, Радио Зона М1 стои повисоко од кога било: зрел, стабилен, модерен медиум што чекори со времето, но ги зачувува своите корени. Продолжува да биде таму каде што отсекогаш било – блиску до народот, со срце кое чука во ритамот на Балканот и со микрофон што никогаш не замолчува.
Со јасна визија, силна традиција и голема љубов кон слушателите, радиото го прославува својот роденден со пораката:
„32 години сме со вас, тука и остануваме!“
-
Шоу Бизпред 1 недела„Аска 2“ доаѓа на 2 декември – нов музички бум од Теа Таировиќ
-
Шоу Бизпред 3 месециНа 18-ти септември село Булачани ќе чука „во ритам на хуманоста“ со голем концерт
-
Шоу Бизпред 3 месециНастапот на Раде Младеновски на Тумба Фест го потврди неговиот подем на македонската сцена
-
Шоу Бизпред 5 месециВодителката Биљана Коцева – Алексова на пат за Острог
-
Шоу Бизпред 5 месециИмпресиите на Бици по враќањето од Острошкиот манастир
-
Шоу Бизпред 5 месециМиро Костовски – Бизнисмен со срце, југоносталгичар со душа и човек кој знае да го слави живот
-
Шоу Бизпред 2 месециНино и Мац со голем исчекор – склучија договор со продукција ‘Зона М1’ и тргнуваат кон регионален успех!
-
Шоу Бизпред 2 денаРадио Зона М1 – 32 години музичка приказна што не престанува да пулсира
