Некатегоризирано
Кој хороскопски знак ќе има најмногу среќа во септември?
Септември е месец на нови почетоци, свежи планови и енергија која многумина ја чувствуваат како втора „Нова година“. Според астролозите, овој септември особено ќе блеснат родените во знакот Девица, а веднаш зад нив, вниманието паѓа и на Вагите, кои на 23 септември ја започнуваат својата владејачка сезона.
Девиците на врвот на среќата
Со силно влијание на Сонцето и Меркур, Девиците ќе ја почувствуваат моќта на организацијата, плановите и личниот успех. Овој месец ќе им донесе можности за финансиски раст, јакнење на кариерата, но и за подобрување на односите со блиските. За нив, септември е време кога сè се мести на свое место.
Вагите го преземаат светлото на рефлекторите
Иако Девиците се главните „среќници“, септември носи силна енергија и за Вагите. Тие се познати по својата харизма, шарм и стремеж кон хармонија, а токму тоа ќе им донесе нови можности во љубовта, работата и социјалниот живот.
Интересно е што меѓу македонските естрадни ѕвезди има неколку Ваги, па можеме да очекуваме дека токму тие ќе блеснат во овој период.
Што значи ова за публиката?
Септември е месец во кој и обожавателите ќе почувствуваат позитивна енергија. Љубовни песни, нови хитови, концерти и јавни настапи – Вагите секогаш знаат како да остават впечаток. Нивната креативност и емоција ќе бидат на највисоко ниво, па ова е совршено време да ги следиме и поддржиме нашите омилени изведувачи.
Заклучок
Иако Девиците ќе ја имаат најголемата среќа овој септември, Вагите се подготвуваат за својот момент на сјај. А кога на македонската естрада ќе заблескаат пејачи родени под овој знак, јасно е дека не очекува еден динамичен и возбудлив месец, исполнет со музика, љубов и позитивна енергија.
Некатегоризирано
Дали јавноста претера со осудите за Сузана Гавазова ?
Поминаа неколку дена од последниот подкаст во кој Бојан Јовановски – Боки 13 се вклучи во живо заедно со јутјуберот Ритко и разговараше со Сузана Гавазова. Таа го прифати „предизвикот“ со намера да се направи забавна емисија за гледачите, но дали токму тоа ѝ донесе повеќе проблеми отколку интерес?
Дали јавноста беше премногу остра во критиките кон Гавазова, критики кои сеуште не стивнуваат? Дали навистина „се спуштила на ниско ниво“, „ги покажувала градите“ или „го навредила сопругот“, како што се коментираше? Или можеби ситуацијата беше претерано искривена и надувана заради уште еден медиумски скандал?
Се поставува прашањето: до кога ќе се креираат скандали во туѓи животи само за гледаност и бројки? Дали етичкото и моралното однесување треба да се сведат на улични провокации, само за да се добие уште еден клик или преглед?
И дали токму овие вклучувања во живо се прават намерно во термини кога и Лазаров има подкаст, со цел да му се одземе гледаност, имајќи предвид дека медиумската „војна“ меѓу него и Бојан не е тајна?
Дали е етички и нормално во една емисија гостин да пуши цигара во студио, да се пие алкохол во живо, или зборот „бело“ да се користи како асоцијација за скап и „квалитетен“ подарок за роденден ? И конечно, дали е прифатливо да се доведе 80-годишна естрадна легенда во состојба на солзи, како што се случи со Лепа Лукиќ, иако подоцна беше упатено извинување?
Во какви рамки остана професионалната етика, ако телефонските повици до јавни личности доаѓаат ненадејно, во доцни часови, само со цел да се создаде шоу?
Од друга страна, колку народот е навистина желен за „сеири“ и осуди? Дали публиката сака токму таква содржина, или пак само ѝ се сервира и таа ја прифаќа? Каде исчезна потребата да видиме нешто квалитетно, содржајно и вредно за гледање, нешто од кое може да се научи или извлече позитивна порака?
Се поставува и уште едно прашање: како тоа не смета кога пејачките настапуваат по кафеани во речиси идентични, па и поразголени изданија, но станува „проблем“ кога Гавазова, која реално ништо не покажа, само накратко го спушти телефонот во делот на деколтето, кое и онака го гледате секојдневно на фотографии и настапи ? Дали критиките се доследни или селективни?
Додека дел од јавноста бараше „извинување до сопругот“, дали некој слушна колку пати Гавазова во истата емисија истакна дека го сака својот сопруг? Дали непромислен момент треба да биде причина за масовна осуда и омаловажување?
Ден по подкастот, Гавазова јавно се извини на својот Фејсбук-профил, велејќи дека целата ситуација ја гледала исклучиво како забава и ништо повеќе, не помислувајќи дека од тоа ќе и се создаде хаос во животот. Дали ова извинување ќе ја смири јавноста или прашањата и понатаму остануваат отворени?
Се надеваме дека од ова ќе се извлечат поуки и од страна на Гавазова, и од страна на останатите јавни личности, а уште повеќе од самите креатори на вакви емисии.
Во меѓувреме, празничната сезона се приближува. Веќе е познато дека Сузана Гавазова за дочекот на Новата година ќе настапи со група Круна во хотел Либеро во Делчево. Дали тоа ќе биде нејзиниот нов почеток далеку од скандалите?

-
Шоу Бизпред 1 недела„Аска 2“ доаѓа на 2 декември – нов музички бум од Теа Таировиќ
-
Шоу Бизпред 3 месециНа 18-ти септември село Булачани ќе чука „во ритам на хуманоста“ со голем концерт
-
Шоу Бизпред 3 месециНастапот на Раде Младеновски на Тумба Фест го потврди неговиот подем на македонската сцена
-
Шоу Бизпред 5 месециВодителката Биљана Коцева – Алексова на пат за Острог
-
Шоу Бизпред 5 месециИмпресиите на Бици по враќањето од Острошкиот манастир
-
Шоу Бизпред 5 месециМиро Костовски – Бизнисмен со срце, југоносталгичар со душа и човек кој знае да го слави живот
-
Шоу Бизпред 2 месециНино и Мац со голем исчекор – склучија договор со продукција ‘Зона М1’ и тргнуваат кон регионален успех!
-
Шоу Бизпред 2 денаРадио Зона М1 – 32 години музичка приказна што не престанува да пулсира
