Шоу Биз
Ново музичко шоу кое ќе го освојува Балканот
„Хајп ѕвезде“ треба да биде регионален музички натпревар, произведен од Хyпе Продукција, во сопственост на Саша Мирковиќ. Со своја ексклузивна концепција, шоуто ветува целосна транспарентност — без местенки, платени настапи или сцениран тек. Единственото што важи е суровиот музички талент, харизма и способност да се освојат сцената.
„Хајп ѕвезде“ ќе биде шоу што претендира да ја менува конвенционалната приказна за музички натпревар, притоа ќе се фокусира на искреност, отвореност, разбирање за кандидатите и талент како јадро. Напоменува дека ќе се издвојува од досегашните музички натпреварувања од овој тип, без направени сценарија, без „гарантирани“ пласмани, само субјективна и експертска оценка .
Насекаде низ регионот интересот за учество во ова музичко шоу е голем и на аудициите се пријавија, навистина многу кандидати.
Жирито е избрано со намера да донесе искрен, критички и стручен пристап, а ќе го сочинуваат музичари со кредибилитет зад себе. Во жирито ќе бидат:
Мира Шкориќ
Аца Лукас — истакнат како претседател на жирито
Мирослав Илиќ
Зоран Беочанин „Сотир“
Плус како изненадување, две меѓународни ѕвезди кои допрва треба да бидат откриени.
Во ова музичко шоу не постои старосна граница, а од кандидатите што досега се пријавени, најмладиот има 12 години, а највозрасниот 60 години.
На крајот од сезоната за победниците на шоуто ќе бидат издвоени 100 000 евра што претставува иделна можност вистинскиот талент да стартува со голема кариера. Прво пласираниот ќе добие 50 000 евра, второ пласираниот 30 000 евра и трето пласираниот ќе добие 20 000 евра. Потенцираат дека победниците нема да бидат обврзани со врзувачки договори.
Од 10 јуни веќе е започнато гласањето за најдобрите кандидати од сите 9 градови од аудиициите, гласањето завршува на 1 септември. Гласањето се одвива така што се објавени видеа на кандидатите што се пријавиле, и се гласа со допаѓање на самото видео, што значи, кандидатите ги избира публиката, а не жири комисија. Истиот принцип ќе биде и во самото натпреварување, победниците ќе ги избира публиката.
Останува да го почекаме стартот на ова музичко шоу и да видиме какви се новости и забава ќе ни пружи.
Шоу Биз
Радио Зона М1 – 32 години музичка приказна што не престанува да пулсира
Радио Зона М1 одбележува – 32 години постоење, континуирано емитување и несебична посветеност кон слушателите. Основано во време кога радиото беше прозорец кон светот, а музиката најискрен јазик меѓу луѓето, Зона М1 успеа да остане дел од секојдневието на генерации слушатели, градејќи препознатлив потпис и силен однос со народот.
Во текот на овие три децении, радиото прерасна во симбол на добрата енергија, на ведриот дух и на моментите што обединуваат. Програмата е богата и шаренолика, од најновите музички хитови до вечните класици, од македонски поп и фолк, до ритмите на целиот Балкан. Токму таа разновидност создава мост меѓу различни вкусови и генерации, правејќи го радиото омилено за сите кои сакаат музика со душа.
Покрај музиката, Зона М1 негува и впечатливи емисии, водители со препознатлив стил и програма која знае да расположи, насмее, информира, но и да даде простор за размислување. Преку нив, радиото стана повеќе од медиум, стана навика, дел од домот, дел од работниот ден и секојдневна придружба на илјадници слушатели.
Секако, 32 години носат и предизвици. Како и многу медиуми, Зона М1 минала низ периоди на финансиски, технички и организациски тешкотии. Но тимот секогаш ја задржал својата препознатлива енергија и упорност. Дури и кога било најтешко, радиото не дозволило слушателот да почувствува негативност, во етерот секогаш доминирала позитивната вибрација.
Во чест на овој голем јубилеј, главните уредници и сопственици на радиото, Марјан и Светлана Тасевски ќе организираат роденденска забава, посветена на сите кои со години го одржуваат духот на Зона М1 жив – вработените, соработниците и луѓето кои секојдневно придонесуваат радиото да остане она што е денес. Забавата ќе биде симболична благодарница за нивниот труд, лојалност и заедничката верба во оваа три децениска приказна.

Денес, по 32 години, Радио Зона М1 стои повисоко од кога било: зрел, стабилен, модерен медиум што чекори со времето, но ги зачувува своите корени. Продолжува да биде таму каде што отсекогаш било – блиску до народот, со срце кое чука во ритамот на Балканот и со микрофон што никогаш не замолчува.
Со јасна визија, силна традиција и голема љубов кон слушателите, радиото го прославува својот роденден со пораката:
„32 години сме со вас, тука и остануваме!“
-
Шоу Бизпред 1 недела„Аска 2“ доаѓа на 2 декември – нов музички бум од Теа Таировиќ
-
Шоу Бизпред 3 месециНа 18-ти септември село Булачани ќе чука „во ритам на хуманоста“ со голем концерт
-
Шоу Бизпред 3 месециНастапот на Раде Младеновски на Тумба Фест го потврди неговиот подем на македонската сцена
-
Шоу Бизпред 5 месециВодителката Биљана Коцева – Алексова на пат за Острог
-
Шоу Бизпред 5 месециИмпресиите на Бици по враќањето од Острошкиот манастир
-
Шоу Бизпред 5 месециМиро Костовски – Бизнисмен со срце, југоносталгичар со душа и човек кој знае да го слави живот
-
Шоу Бизпред 2 месециНино и Мац со голем исчекор – склучија договор со продукција ‘Зона М1’ и тргнуваат кон регионален успех!
-
Народнапред 4 неделиКој стои зад „Горд Македонец“
