Поврзете се со нас

Шоу Биз

Сања Вучиќ објави нови песни

Објавено

на

Сања Вучиќ важи за една од поголемите ѕвезди на помладата генерација. Таа е доста барана и ангажирана, а со своите предходни изданија направи вистински бум помеѓу помладата публика. Од предходните нејзини изданија, со својот звук и ритам се издвоија ,,Џене џене”, ,,Рузмарин” дует со Нучи, ,,Маракеш – Дубаи” дует со Теа Таировиќ, ,,Омаџијан” и други.

Денеска Сања Вучиќ повторно ја изненади својата публика со излегување на виделина трилогија песни и ја израдува својата публика со малку поинаков звук. Трилогијата ги содржи песните ,,Распадам се”, ,,Сто проблема” и ,,Гранит”. Трилогијата има и авторски печат бидејќи Сања Вучиќ учествувала во креирањето на новитетите заедно со своите соработници. На текстовите покрај Сања Вучиќ се појавуваат и Павле Суботиќ и нејзината пријателка Барбара Бобак.

Реклама

Новата трилогија ја покажува зрелоста на Сања Вучиќ која ја стекна на музичката сцена, храброста да се испроба со малку поинаков звук, желбата да ги проширува своите граници и да освојува нова публика.

Останува да видиме каков впечаток ќе остави оваа трилогија кај публиката.

Реклама

Реклама
Продолжи со читање
Реклама

Шоу Биз

Радио Зона М1 – 32 години музичка приказна што не престанува да пулсира

Објавено

на

Од

Радио Зона М1 одбележува – 32 години постоење, континуирано емитување и несебична посветеност кон слушателите. Основано во време кога радиото беше прозорец кон светот, а музиката најискрен јазик меѓу луѓето, Зона М1 успеа да остане дел од секојдневието на генерации слушатели, градејќи препознатлив потпис и силен однос со народот.

Во текот на овие три децении, радиото прерасна во симбол на добрата енергија, на ведриот дух и на моментите што обединуваат. Програмата е богата и шаренолика, од најновите музички хитови до вечните класици, од македонски поп и фолк, до ритмите на целиот Балкан. Токму таа разновидност создава мост меѓу различни вкусови и генерации, правејќи го радиото омилено за сите кои сакаат музика со душа.

Покрај музиката, Зона М1 негува и впечатливи емисии, водители со препознатлив стил и програма која знае да расположи, насмее, информира, но и да даде простор за размислување. Преку нив, радиото стана повеќе од медиум, стана навика, дел од домот, дел од работниот ден и секојдневна придружба на илјадници слушатели.

Реклама

Секако, 32 години носат и предизвици. Како и многу медиуми, Зона М1 минала низ периоди на финансиски, технички и организациски тешкотии. Но тимот секогаш ја задржал својата препознатлива енергија и упорност. Дури и кога било најтешко, радиото не дозволило слушателот да почувствува негативност, во етерот секогаш доминирала позитивната вибрација.

Во чест на овој голем јубилеј, главните уредници и сопственици на радиото, Марјан и Светлана Тасевски ќе организираат роденденска забава, посветена на сите кои со години го одржуваат духот на Зона М1 жив – вработените, соработниците и луѓето кои секојдневно придонесуваат радиото да остане она што е денес. Забавата ќе биде симболична благодарница за нивниот труд, лојалност и заедничката верба во оваа три децениска приказна.

Реклама

Денес, по 32 години, Радио Зона М1 стои повисоко од кога било: зрел, стабилен, модерен медиум што чекори со времето, но ги зачувува своите корени. Продолжува да биде таму каде што отсекогаш било – блиску до народот, со срце кое чука во ритамот на Балканот и со микрофон што никогаш не замолчува.

Со јасна визија, силна традиција и голема љубов кон слушателите, радиото го прославува својот роденден со пораката:
„32 години сме со вас, тука и остануваме!“

Реклама
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ